Песна за Христо Узунов

ПЕСНА ЗА ХРИСТО УЗУНОВ

И таму е мојта родина,
далеку в' Македонија,
јас сакам таму да загинам,
а ти ме забрави за век.

И таму е мојта мајка,
и таму има божи свет,
јас сакам таму да загинам,
ти ме заборави за век.

Не плачи мила моја мајко,
не рони солзи крвави,
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив се не даде.

Сестрите нема да ми играт,
на мојот гроб осамотен,
и мајка нема да ми ида,
да леи солзи за мене.

Не жали мила моја родино,
и сите ми другари мој,
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив се не даде.
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив се не даде.

Ансамбл Билјана



Link
За Христо Узунов - музички видео клип

No comments: