April 28, 2009

Бајракот Македонски

Најстариот зачуван македонски бајрак e Знамето на Мијаците. Најстарите сочувани два примерока се стари 200 години.

Мијачкиот бајрак е сочинет од следниве елементи:
- централно е поставено сонце, симболот на Македонците уште од античко време;
- во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС - ХР / НИ - КА, односно "Исус Христос Победник;
- на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево - двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.

Но, иако сите го знаат како мијачки, бајракот е општомакедонски, бидејќи бил користел кај сите Македонци во минатото, а се задржал до денешни дни кај мијаците, поради нивната излолираност во високите западномакедонски планини. Мијакот Исаја Мажовски (1852 г. -1922 г.) од с. Лазарополе, во своите Спомени пишува дека македонскиот бајрак се користи уште од времето на античка Македонија, а особено по поделбата на Александровото Македонско Царство меѓу “Македонските Војводи (цит.)“ (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ "Възпоминания", София, 1922 г., 19/20 стр.).

Според Мажовски, македонскиот бајрак бил забранет да се користи од страна на турците во време на османлиското владеење на Македонија. Но, бајракот останал најдоцна во употреба во градска средина во градот Костур (егејска Македонија) до втората деценија на 19 век, кога турците официјално го забраниле по иницијатива на фанариотите - грчките свештеници (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ "Възпоминания", София, 1922 г., 19/20 стр.).

За македонскиот бајрак постои и стара македонска народна песна, која според Мажовски потекнува од античка Македонија и била посветена на Војводите на Александар Македонски:

“Застоjaл ми се воjвода,
Над големи град Солуна,
До него стоjaт два брата,
Два брата, два баjрактара
Високо баjрак држеје.
Тихиoт ветeр вееше,
Широко знаме ширеше,
Широка сенка држеше.
Све Солун града покрило,
И солунските чаршии,
В чаршии има седлари
И е млади златари,
Седлари седла правеjе,
Златари јузди лееје,
За тиа силни ајгри,
На македонските војводи.
Античка македонска песна, запишана од ИСАЙЯ МАЖОВСКИ „Възпоминания”, София, 1922 г., 20 стр.

Дека тврдењето на Мажовски за античкото потекло на македонскиот бајрак не е така наивно, е фактот што змејот кој се наоѓа на знамето е симбол на античките Келти-Гали. Сонцето и лавот се антички македонски симболи. Двоглавиот орел е антички симбол на обединетата духовна и световна власт и владеењето на истокот (Азија) и западот (Европа), а Александар Македонски и неговите наследници навистина ја владееја и Азија и Европа. Превртената полумесечина и ѕвездата се симболи на Богомилите од Македонија.

Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван до денешно време. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.

И македонското сонце е задржано како национален симбол кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце, македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци.

Превземено од http://makedonskaistorija.blog.com.mk/

No comments: