Грб на Александар од 16 век

Два грба на кралот Александар Велики (Konig Alexander der Gross), како дел од деветтемина достојни кралеви те трите добри пагански кралеви

Германски грбовник од првата половина на 16 век.

Прва слика прв од лево. Три бели звона на сина позадина - лево / црн лав на златна позадина - десно.


Втора слика на средина. Три златни круни на црвен штит

3 comments:

Развигор said...

Не добив одговор на прашањето што го поставив на Твитер и Пинг:

Александар - 4 век п.н.е.
Грбови како концепт - после 12 век н.е.
Грбови на Александар од 16 век = ?

Хералд said...

Одговор на поставеното прашање:

Она што се пропушта да се каже дека станува збор за припишани грбови на Александар.

Припишан (attributed) грб е грб кој му се припишува некому без тој всушност да го носел. Во подемот на хералдиката во 13-14 век, била практика да им се припишуваат грбови и на историски личности кои живееле пред хералдичкиот период. Така грбови добиваат Адам, Аврам, Исак и другите библиски фигури.
Понатаму грбови добиваат и персонифицирани категории, како ѓаволот, смртта итн.

Повторно станува збор за припишани грбови но во колоквијалниот говор придавката припишани не се корист, тргнувајќи од претпоставката дека е јасно дека Александар немал класичен хералдички грб.

Друго е сосема прашањето за украсите на штитот и други делови од воената опрема кои дури подоцна можат да станат наследни и преоѓаат во хералдички амблеми.

Ме радува што моите истражувања и објавени наоди предизвикаа голем интерес и поттикна понатамошни истражувања кои вродија со плод во разоткривањето на овој дел од досега непознатото културни наследство на Македонија.

goca said...

Nacionalnite boi na Makedonija odsekogash bile zlatna na crvena podloga, a kralskata obleka vo rozeva i crvena so zlatni vezovi!