April 5, 2009

Крсте Петков Мисирков - цитати

Цитати од Крсте Петков Мисирков за македонската национална култура и свест и за посебноста на македонската земја:

"Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи." - Крсте Петков Мисирков, К. Мисирковъ - македонецъ, Македонска култура, "Миръ", XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.


"И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриiот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соiединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа?" - Крсте Петков Мисирков, "За македонцките работи", 1903, Софиiа

"Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично" - Крсте Петков Мисирков, "Самоопределувањето на Македонците", 1925

"Yes, Macedonian culture and history are quite separate from Greek, Bulgarian, and Serbian culture and history; they have never been the object of an impartial and detailed study. The Greeks, Serbs, and the Bulgarians most unfairly took from Macedonian culture only what they could make use of for the glory of their own national names; ignoring facts of capital importance either because they did not concern them, or because they contradicted their own national aspirations. Unfortunately, the Macedonians themselves are only now beginning to study Macedonian history, having realized, towards the end of last century, that they could no longer trust the historians of Athens, Belgrade or Sofia..." - Krste Petkov Misirkov

"Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште" - Крсте Петков Мисирков "Самоопределувањето на Македонците", објавен во весникот "Мир" на 25 март 1925 год

No comments: