Знаме со лав - ВМРО-ДПМНЕ

Знаме со македонскиот симбол исправен златен лав на црвено поле, од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ 6 и 7 април 1991 година во Прилеп. Знамето на конгресот за разлика од останатите три е со мали димензии од околу 30х15 сантиметри. Во истиот формат како канцелариско знаме се среќава во повеќе штабови на партијата на почетокот на девеесетите.














Реплика (горе) на знамето (обработка А.С.) е присутна и на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид (и на други места) во 2011 година, како и на панахида на Драган Богдановски на 18 септември 2011 година во Куманово.














Втора верзија (горе). Станува збор за вистинско големо знаме (обработка А.С.) присутно во задграничното претставништво на ВМРО-ДПМНЕ во Канада.

Трета верзија (фотографија лево) на знамето присутно на 8 септември 2011 година, на плоштадот во Мелбурн Австралија по повод кревањето на знамињата. Основната разлика е што лавот во овој случај има круна.

Извор за фотографијата лево - Informator.ws

Според некои извори конкретниот графички израз на лавот е во конкуренција за официјален партиски грб, но сепак подоцна ќе биде избран друг. Истиот лав на илустрација на Macedonian World Congress - врска.

Четврта верзија на која лавот е со круна, а во горниот лев агол се наоѓа шеснаесетзрачно македонско сонце (почеток на девеесети години):

Реплика на знамето од 2012 година (горе е испишан текстот „Македонија“):


No comments: