Македонија на Македонците

Цитати во кои се спомнува знаменитиот слоган Македонија на Македонците / Quotes with the famous macedonian motto: Macedonia for the Macedonian

"А зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите? Иако се тие сите мали и слаби, нека се остават да се поврзат меѓусебно за одрана, така што не ќе можат да бидат голтнати од другите, било големи или мали, кое веројатно ќе дојде како последица од нивните меѓусебни караници." - Писмо од Вилијам Гледстон, тврдината Хаварден, Честер, 19 јануари 1897, објавено во Лондонскиот весник The Times, 6 февруари 1897

"Why not Macedonia for Macedonians, as well as Bulgaria for Bulgarians and Servia for Servians? And if they are small and weak, let them bind themselves together for defense, so that they may not be devoured by others, either great or small, which would probably be the effect of their quarrelling among themselves." - January 19th, 1897 William Gladstone, a British Statesman, letter addressed to the President of the Byron Society Hawarden Castle, Chester

"Хрвати! Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и крвариме со различни душмани, та така и македонскиот народ не сака потчинување, туку сака да биде свој на своето, слободен и независен: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за подреденост и окупација на Македонија, тој се стреми за затварање на македонските права и слободи, по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата земја. Ние Хрватите да го чуваме својот дом, за него да се грижиме, и да не се залетуваме за капларската чест, бидејќи и дома ќе имаме леб ако работиме. Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стабне со нашата крвава и тажна земја. Начечно: не во Македонија! " - Проглас до Хрватите објавен во „Нови Хрватски Радник 2“, 25. I. 1904, стр. 4

"Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата." - Јане Сандански, писмо до жителите на Мелник, 1904

"Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците” - Интервју на Лондонскиот „The Times“ со Тодор Александров 4 Јануари 1924

"...A few minutes later I took my departure with my not inconsiderable bodyguard. Aleksandrov saw me off, and immediately set off on a 20-kilometer march to another hamlet to continue his preaching of Macedonia for the Macedonians." - interview with Todor Alexandroff for The Times, London, 4 January, 1924

"...Личните завоjувачки апетити на соседните државички: Грциjа, Србиjа и Бугариjа, не можат да се смират и да jа примат девизата на Организациjата: Македониjа на Македонците. Мислата дека Македониjа може еден ден да се jави како самостоjна единица ги ужасува.Секоjа од тие држави фрла милиони за поткупи, употребува и наjподли средства, први се за да може да го привлече населението и Организациjата за своjата кауза и да го убеди надворешниот свет дека Македониjа е населена само со неjзини сонародници..." - Писмо од серскиот револуционерен комитет од 20 Јануари 1905 година, потпишано од Јане Сандански(Реформи, 22. IV. 1905/VII, бр 19, стр. 2-3)

"32 организации од коишто сите носат знаме со натписот Македонија на Македонците..." - Македонија на Македонците, артикл на лондонски The Times.

"Thirty-two different organizations, each carrying banners bearing the words Macedonia for the Macedonians" - Macedonia for the Macedonians, article by The Times, London.

No comments: