Документ на француската дипломатија во Македонија од 1905 г. кој кажува за што се борел Јане Сандански. Христо Андонов-Пољански (уредник) „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том 1, Скопје, стр. 484-485, како и оригиналниот француски дипломатски извештај:
Христо Андонов-Пољански (уредник) "Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава", Том 1, Скопје, стр. 484-485 |
БОП ДО МОРИС РУВИЕ
10 авгусг 1905 г.
Терапија, 10 август 1905
Извештаите што ги добив од Македонија во текот на минатиот месец се едногласни во тоа дека ситуацијата во земјата е далеку од тоа да се подобрува.
Спротивностите помеѓу одделните христијански племиња секој ден се зголемуваат и нивните жалосни ефекти само се зголемуваат со силата и со сè поголемата смелост на четите.
Онаа особено на Сандански чијашто девиза е „Македонија на Македонците“, дејствува во пиринската област и сè повеќе се зајакнува. Нејзиниот водач организира во планините вежби по стрелање на кои учествуваат жителите од околните села. Во едно циркуларно писмо упатено до селаните, Сандански констатира дека со оглед на тоа што турските војски започнуваат да се привикнуваат на планината и стануваат посмели, потребно е против нив да се преземат попретпазливи мерки одошто тоа се чинеше порано. Според тоа, селата треба да организираат пунктови од каде што ќе се надгледува доаѓањето на војниците за што треба да се известат четите. Оние што нема да се одзват на овие упатства ќе бидат строго казнети.
Четите на Андон и Стојанов беа испратени од страна на Комитетот за да ја уништат онаа на Сандански. Но тие понекогаш им се придружуваат на своите непријатели за да се борат против турските војски, кои дури не успеваат ниту сериозно да ги вознемират.
Српските чети за ќои ништо не се слуша од пред извесно време, навлегоа во Албанија кон крајот на месец јуни.
Христо Андонов-Пољански (уредник) „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, Том 1, Скопје, стр. 484-485 |
На крајот, грчките комити, од своја страна, ја удвојуваат смелоста. Пред неколку дена ми доставија едно писмо упатено до жителите на селата од околината на Солун од страна на некој водач на една грчка чета кој, пред закана на смрт, им наредил да и се потчинат на Патријаршијата и да се декларираат како Грци во пописните листи. Во Битолскиот вилает исто така констатираме вознемирувачко зголемување на убиства што ги прават грчките чети. Соочени со ова зголемување на активноста на револуционерите од сите видови, отоманските власти се бессилни. Војниците, кои секогаш пристигнуваат премногу доцна, за да не спречат нешто ги додаваат понекогаш своите изнајдувања кон оние на разбојниците, што не се способни да ги победат.
Мирното население на Македонија е според тоа беспоштедно изложено на разбојничките чети од професионалци, водени од политички агитатори кои имаат само една цел: зголемување на безредијата и несигурноста за да се предизвика интервенцијата на Европа и распарчување на земјата во согласност со нивната национална програма. Муслиманските села, кои досега војските успеваа да ги заштитат, не се повеќе заштитени од атентатите на комитите; некои од нив се решаваат сами да се бранат, а тоа само ја зголемува анархијата. Може да се помисли дека во оваа тешка ситуација Македонците малку се занимаваат со реформите навестени од Силите.
Мирното население на Македонија е според тоа беспоштедно изложено на разбојничките чети од професионалци, водени од политички агитатори кои имаат само една цел: зголемување на безредијата и несигурноста за да се предизвика интервенцијата на Европа и распарчување на земјата во согласност со нивната национална програма. Муслиманските села, кои досега војските успеваа да ги заштитат, не се повеќе заштитени од атентатите на комитите; некои од нив се решаваат сами да се бранат, а тоа само ја зголемува анархијата. Може да се помисли дека во оваа тешка ситуација Македонците малку се занимаваат со реформите навестени од Силите.
Воопшто не може да се види можен излез од ваквата положба, чијашто промена ја сака сето овдешно население, но промена што ќе биде исклучиво во корист за секого поодделно.
Боп
Оригиналниот француски дипломатски извештај |
Оригиналниот француски дипломатски извештај |
Уредил: Kuzman Mato
Извор: Документи за македонската историја
2 comments:
Точно така, Яне се е борил за "Македония на македонците", а що Яне разбирал под овой девиз ви го е обяснил умилениот ви Дарко Митревски:
"треба да се има на ум дека под „Македонци“ ги сметал сите жители на Македонија, словенските еднакво како и грчките, албанските, влашките и турските"
http://macedonian-library.com/documents.php?sec=2&cid=31&album=195&pid=3721
Јас во текстот сретнав турци, грци, албанци, срби, муслимани И ПОСЕБНО од тоа - МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ БОРАТ ЗА МАКЕДОНИЈА.
Не знам како не ви станува јасно дека сте во заблуда,
аман гледајте си ја Бугарија имате таму еден куп проблеми, оставете нѐ нас со нашите.
Post a Comment