Деновиве сме сведоци на невидени игри и сценарија, апсолутно „деструктивни“, неплодни, уништувачки...
Во едно општество уредено по некои начела на демократијата, каде населението на фер и слободни избори избира свои претставници кои ќе се грижат истото да функционира, каде мислењето и вољата на мнозинството владее, преку спомнатите избрани претставници, една мала група на луѓе се обидува со примена на сирово и сурово насилство да предизвика криза, која би довела до некаква „техничка влада“ , и така повторно спротивно на вољата на мнозинството, да дојде на власт. (еднаш веќе се случи во 2001ва...)
Позадините на тие уништувачки игри како обичен граѓанин на Република Македонија не ме интересираат многу, нека се занимаваат со тоа надлежните служби, нешто друго би сакал да спомнам...
После последните случки, ми се вратија спомените на едни тешки, трагични времиња, кога со разни фингирани / изрежирани инциденти се започнуваа судири, војни...
Во една друга трагична прилика, кога се случи масакрот кај Смилковското Езеро, напишав еден текст, и дел би сакал да цитирам во оваа прилика:
------------------------------
„За оваа прилика, не би пишувал за манифестациите на човечкото лудило изразено во масовните форми на уништување, како геноциди, војни, туку за нешто друго, за измами кои довеле до големи уништувања и несреќи. Ќе пишувам за измами како државниот удар во Иран во 1953та, за инцидентот во заливот Тонкин, и за палењето на „Рајхстагот“ (германскиот парламент).
Државниот Удар / Пучот во Иран во 1953та, е во режија на тајни служби на Обединетото Кралство и САД. Против легалната и демократски избрана Влада на Мосадек. Тоа денес е општо-познат и прифатен факт.
The 1953 Iranian coup d'etat: http://en.wikipedia.org/wiki/1953_Iranian_coup_d%27%C3%A9tat
"The 1953 Iranian coup d'état (known in Iran as the 28 Mordad coup) was the overthrow of the democratically elected government of Iranian Prime Minister Mohammad Mosaddegh on 19 August 1953, orchestrated by the intelligence agencies of the United Kingdom and the United States"
Инцидентот во заливот Тонкин е измама извршена од страна на група политичари и раководни лица на Воената Индустрија и Морнарицата на САД, со цел да се предизвика војната во Виетнам.
Gulf of Tonkin incident: http://en.wikipedia.org/wiki/Gulf_of_Tonkin_incident
„The Gulf of Tonkin Incident, or the USS Maddox Incident, are the names given to two separate confrontations, one actual and one now recognized as non-existent, involving North Vietnam and the United States in the waters of the Gulf of Tonkin.“
Палењето на германскиот „Рајхстаг“ (парламент) беше измама со цел да се елиминира единствената посериозна конкуренција на Хитлер и Фашистите во Германија (Комунистичката партија).
Reichstag fire: http://en.wikipedia.org/wiki/Reichstag_fire
"The Nazis alleged that Van der Lubbe was part of the Communist conspiracy to burn down the Reichstag and seize power, while the Communists alleged that Van der Lubbe was part of the Nazi conspiracy to blame the crime on them."
Значи, сите три инциденти се денес општо-познати факти, никакви теории на заговор. И сите имале катастрофални последици. Поради тоа што Поединци и Народи замешани во тие инциденти, не покажале доволно стрпливост и мудрост, не биле способни да се однесуваат како разумни суштества, туку подпаднале под лагите / манипулациите.
Државниот Удар од 53та во Иран, е директна и индиректна причина за многу подоцнежни конфликти. (војната меѓу Иран и Ирак, и нападите врз Ирак во 1991ва и 2003та, како дел од тие конфликти).
Бројот на жртвите во тие конфликти е огромен.
Непостоечкит втор инцидент во заливот Тонкин, беше директен иницијатор на Виетнамската војна, како и на неколку други конфликти во регионот.
Бројот на Жртвите во тие конфликти е огромен.
Палењето на Рајхстагот доведе до Втората Светска Војна.“
-----------------------------------------
После најновите случувања, сум сериозно загрижен дека некои членови на опозицијата во Република Македонија спремаат режирани судири, спомнуваат дури и пукање, и ја користам оваа прилика да ве повикам сите да оставите разумот да преовладее, вољата на мнозинството да владее.
Власт и фотељи да се добиваат на слободни и демократски избори, а не со напад врз Објекти / Институции / Имот на Република Македонија и нејзините граѓани, како и личноста и институцијата Претседател на Највисокиот Дом на Државата - Народното Собрание.
Би сакал да ги опоменам сите оние кои се замешани во некакви уништувачки сценарија, дека таквите работи не остануваат тајна, дали порано или покасно, излегуваат на површина, и се сносат последици за тоа.
Провоцирање или режирање на судири е Злосторство, и за тоа следува Казна.
Секој кој сака да добие власт нека повели да направи програми, па на следните РЕДОВНИ парламентарни избори, според понуденото и сработеното, Народот ќе одлучи кому ќе ги довери толку посакуваните фотељи.
Изборите не ги плаќаат политичарите од свој џеб, па секои неколку месеци да им излегуваме на избори, според нечија моментална воља...
Граѓанин на Република Македонија
1 comment:
Јас лично не би сакала со мене да „владее“ мнозинство кое се купува со пари.
Post a Comment