July 1, 2016

Св. Климент е епископ на Велика Моравија

Како всушност гласела титулата на Св. Климент?

Во историјата на православната црква, Величка епархија е областа која му била доделена на Св. Климент во Македонија.

За него се вели бил и првиот епископ словенски со титула епископ Велички.

Овој податок може да се сретне практично во сите достапни извори, печатени и електронски.

Меѓутоа, редно е да се спомене, дека на погорната титула и недостига уште еден збор.


Досегашните бугарски учени, секогаш се обидувале педантно да ја потенцираат терминологијата, но само во случаите кога гледале корист или можност за пропагирање на своите про-бугарски тези.

Во книгата „Български старини“,книга VIII, издадена од Бугарската Академија на Науките уште во 1928 година, во списокот на Марин Стојанов Дринов, бугарски историчар и филолог, е наоѓа и следниот превод на делот од Синодикот на Цар Борил:

Каде под 90 стои Климент ученик и епископ на Велика Моравија …

Не знаеме зошто овој податок го нема во ниту една понова историска книга, нешто кое му било добро познато на Васил Златарски, бугарски историчар - на средниот век, археолог и епиграф, кој во 1924 година во „Македонски Преглед“, издаван од „Македонски Научен Институт“ во Софија, за локацијата на климентовата епархија, напишал:

„Така, некои сметаат, дека епископијата на Климент била Струмичката, други врз основа на изразот во бугарскиот Синодик: Епископ на Велика Моравија, прифаќаат дека Климент бил епископ уште во Моравија и дека во Бугарија титулата му била скратена преку испуштање на зборот „Моравија“,...“

Никој досега не испитал, зошто овој податок е избришан во Бугарија?

Ова нè наведува да претпоставуваме што сè друго можело да биде избришано на ист начин.

Зошто никој од македонските историчари не се обидел да го разјасни овој податок, туку се продолжува со репродуцирање на бугарските толкувања?

Доколку Климент сепак бил прогласен за епископ на В. Моравија, тоа во никој случај не можело да биде од страна на Цар Борис, туку од Папата...

Благодарност до Андреј кој ни го привлече вниманието кон овој недозволив пропуст.

Македонска Искра

No comments: