Римска погребална кола од Делчево од II - III век не

МК - Римска погребална кола од Делчево од II - III век не

Во текот на 2005 година во близина на Делчево, биле откриени повеќе железни и бронзени остатоци од античка кола и 6 парчиња бронзена декоративна пластика.

Од она што било откриено со сигурност можеме да кажеме дека се работи за четириколка која била погребана заедно со коњите, чии остатоци биле откриени на истиот локалитет.

Од конструкцијата на колата откриени биле делови од осовините, клинови, заедно со четири железни тркала.

Од декоративните бронзени парчиња биле пронајдени:

Преден дел:
- Глава на Горгона Медуза
- Рачки во форма на пантери

Заден дел:
- две бисти во форма на младо момче
- апликација на лав кој дави теле

Странични делови:
- Бисти на Херакле

Врз основа на пронајдените артефакти и земајќи ги во предвид историските извори, целосно е извршена реконструкција на оваа римска погребална кола која е датирана во периодот од крајот на II век и почетокот на III век не.

EN - Roman burial vagon from Delčevo, II - III century AD

During the year 2005 in the close surrounding of Delčevo in the eastern part of Macedonia, were discovered parts of a vagon from the roman period.

From the artefacts that were discovered (axles, bolts, along with four iron wheels) with certainty we can say that it was a four-wheeler that was buried alongside with its horses, whose remains were found on the same site.

Despite vagon parts and horse remains we also have decorative bronze pieces:

Front:
- bronze head of Medusa Gorgona
- bronze handles shaped like Panthers

Rear:
- two bronze busts in the form of a young boy
- bronze application of a lion strangling a calf

Sides:
- bronze busts of Heracles

Based from those artefacts and taking into account the historical sources, we have this complete reconstruction of a Roman burial vagon which is dated in the period from the end of the II century and the beginning of the III century AD.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

Извор: Археолошки Музеј на Македонија

No comments: