Републикански Денар од Ајмилиј Лепид Паул од 62 год. пне

МК - Републикански Денар од Ајмилиј Лепид Паул од 62 год. пне

Римска монета републикански денар кована 62 г. пне на чија реверсна страна е прикажан Ајмилиј Лепид Паул (римски војсководец кој извојувал победа над последниот македонски крал Персеј) и тројца заробеници, Персеј и неговите двајца синови.

Победата на Ајмилиј Лепид Паул над Македонија била прославена во Рим, каде што три дена триумфалните поворки го прикажувале воениот плен кој меѓудругото се состоел од голем број уметнички дела, садови од благородни метали, и пари.

Според Плутарх сребрените пари биле носени во седумстотини и педесет садови од кои секој содржел по три таланти (1 талант = 26 килограми), а златните во седумдесет и седум сада по три таланти.

Богатиот воен плен толку ја збогатил римската државна каса што народот не плаќал даноци се до 43 г. пне.


EN - Republican Denarius of Lucius Aemilius Paul, 62 BC

Roman coin republican denarius from 62 BC. On the reverse we have a representation of Lucius Aemilius Paulus (Roman army leader who waged a victory over the last Macedonian king Perseus), and three prisoners that depict Perseus and his two sons.

The victory of Aemilius Paulus over Macedonia was greatly celebrated in Rome where the triumphant processions showed the spoils of war for three days consisted of huge number of art work, pots from precious metals and money.

According to Plutarch the silver coins were carried in seven hundred and fifty pots each containing three talents (1 talent = 26 kilograms), and the gold coins in seventy seven pots containing three talents each. The abundant spoils of war enriched the roman state so much that the people didn't pay taxes until 43 BC.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

No comments: