Учеството на Македонците во Соколските игри

Соколското движење е младинско спортско движење, основано во Прага, во 1862 година од страна на Мирослав Тирш... 


Мирослав Тирш преку својата идеја се борел за национална слобода на Чесите, од тука соколството се проширило меѓу сите словенски народи, па униформата претставувала спој на повеќе традиционални вредности - кафеави руски чакшири, полска револуционерна јакна, црногорска капа и црвена гарибалдиева кошула... Целта на соколските друштва била и јакнењето на националната свест.


Соколските друштва одржувале слетови,првиот е одржан во 1882 година, потоа слетовите стануваат традиција и во нив земаат учество сè поголем број на словенски народи.


Како учесници се јавуваат и Македонците. Имено во 1912 година се одржала првата „Сесловенска манифестација“ каде за прв пат како посебен народ учествуваат и Македонците, нивното учество е забележано низ фотографии, односно низ видео запис.

Автор: Благојче Андонов

No comments: