Стаклена чаша Диатрета

МК - Стаклена чаша Диатрета

Датирана од 4 век не, пронајдена есента 1982 година од археологот Милан Ивановски, во доцноримски гроб на локалитетот Таранеш во село Селокуќа, Дебар.

Чашата е многу редок наод, досега во целиот свет се пронајдени само 7 вака сочувани чаши, меѓу кои секако е и нашиот експонат. Овој тип на чаши се луксузни производи кои најверојатно служеле за свечено церемонијално пиење. На сите чаши во горниот дел има натпис (BIBE VIVAS MULTIS ANNIS) кој приближно порачува: „пиј од чашата и ќе бидеш среќен“, или „ќе живееш вечно“.

Ваков тип на луксузни производи обично поседувале само припадниците на повисоките опшествени слоеви.



EN - Glass cup Diatreta

Dated from the 4th century ad, discovered in 1982 by the archaeologist Milan Ivanovski, in a grave from the late antiquity, in the archaeological site of Taranesh near the city of Debar in the far western part of Macedonia.

This cup is a very rare find. In the entire world until now were discovered only 7 cups like this and in this condition. This type of cups were luxury products which probably served for formal ceremonial occasions. All cups in their upper part have inscription (BIBE VIVAS MULTIS ANNIS) which means: „drink and you will be happy", or „drink and you will live forever."

This kind of luxury products usually possessed only members of the upper layers of the community.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

No comments: