Спомени - Мирчо Кикиритков, 5

Спомени - Мирчо Кикиритков

II

КАЛИМАНСКИОТ СУДИР започна на 22 јули 1924 г. во 11 часот, претпладне. Уште при првото пукање Панче ни се обрати: „По вас стрелаат!“ И ни се развика зошто сме тргнале дење да одиме и така сме се откриле - а и него сме го откриле. На негова заповед станавме и се оддалечивме од местото кај нивата каде што се беше расположила четата на околу 100 метри растојание. Се сокривме во шуместиот брег на реката Брегалница и почнавме да се советуваме. Лека-полека забележавме дека од сите страни Србите почнаа да не заобиколуваат. Беше еден часот кога сите височини беа заземени од нив. И самиот војвода разбра дека таа организирана опсада не е случајна. Со гнев и презир тој процеди: „Нѐ предал нској!“ И тоа беше вистина. Курирот Иљо Калимански ја извршил таа подлост. Подоцна, добро платен, од страв да не настрада од судот на Организацијата, се пресели во Виница и, ми се чини, стана контрачетник.
Опколени од кордон војска, жандармерија и контраџии снабдени со митралези, на број околу 500 души, ние почнавме да се советуваме што да правиме. Мише Неделков, секретар на четата, кој подоцна беше убиен, го некажа своето мислење веднаш да си пробиеме пат и да се добереме до границата. Панче, напротив, нѐ убеди сите да заземеме позиции и да чскаме. Штом ќе ги дознаеме нивните сили и слабата точка - тогаш... И тоа беше најпаметно. За тоа време обрачот околу нас се повеќе се стеснуваше. Слушнавме гласови, пцости, закани, како: „Предајте се! Не ќе можете со нас да се борите - малку сте. Слушна ли?... Мајка... Предадени сте!“ Но ние молчевме скриени. Наеднаш пред нас се покажаа три-четворица жандарми. Едниот од другарите не се воздржа п згрме по нив. Плутон од стотици пушки одговори. Од сите страни полетаа врз нас куршуми. Панче излезе напред и нѐ поведе кон една од височините каде што се надевавме на помал отпор, бидејќи претпоставуваше дека таму се контрачетниците (на сила вооружени селани и платени четници, комплетирани од федералисти) - познати страшливци. Веднаш заповеда: „Напред јунаци! Не плашете се, по мене!“ Тој извика : „Ура!“ и ја запеа „Изгреј зора на слободата“. Силното ура и песната ние ги прифативме. Со бомби почнавме да се качуваме и успеавме да ја постигнеме целта откако дадовме уште една жртва. (Првата беше ранувањето на еден другар, кој не можеше да бега и остана под нивата. Го фаќаат жив и подоцна го убиваат). Братот на Шарен Ампо од селото Дулица издивна тешко ранет и се стркала. Легнавме зад височинката, добро скриени од грмушките. Водевме борба со бомби до 6 часот вечерта. Потоа се спуштивме да си пробиеме пат и тука ги дадовме повеќето наши жртви. Ни претстоеше да минеме низ неколку заседи. Минавмс три заседи. На четвртата смртоносно го ранија Мишо Неделков. Но не претчувствувајќи ништо опасно, тој продолжуваше да оди. На петтата падна Мише Наутлиев Трајчев од Штип и беше ранет Стоил Бичаклиев. По желба па М. Неделков седнавме. Изнемоштен, тој замоли: „Убиј ме Панче!“
- Не ти е ништо! Ќе те изведам.
- Убиј ме, ти велам.
Панче посегна да го подигне, но тој ја климна главата и издивна. Се прекрстивме над него. Панче го бакна, простувајќи се од него.
А во тоа време затрешти над нас една бомба, но напразно. Ја поминавме и шестата заседа и пред нас се отвори слободен пат. (Злосторничко племе! Не заслужува човек да умре за него.) Се упативме за Саса, каде што потерата ни ги загуби трагите. Ја минавме границата на 27-28 јули истата година, по што се соединивме со групата на Пане Жигански во Церско. Според тврдењата на селаните, Србите таму дадоа (Калиманци) многу жртви, меѓу кои и еден капетан, убиен од прецизното око на Панче Михајлов. Ние дадовме вкупно 5 души жртви. Борбата траеше од 1 до 7 часа - вкупно 6 часа. Според Т. Александров, тоа беше најголемата борба од 1918 година наваму. Бичкалиев се самоубил, како што разбравме, и братот на Шарен Ампо, но откако најпрвин убиле мнозина непријатели.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

No comments: