January 10, 2015

Спомени - Мирчо Кикиритков, 2

Спомени - Мирчо Кикиритков

СПОМЕНИ

Со Мирчо Кикиритков се познавав уште од моите ученички денови во Штип, од српско време. За првпат сс сретнав во Бугарија со него по повод мојата брошура „Не можам повеќе да молчам!“, кога тој, како телохранител на Јордан Ѓурков, заедно со уште двајца терористи, дојдоа во куќата на мојот чичко Симеон Хаџи Кимов, каде што живеев - ул. Добруџа. бр. 15, за да побараат изјава од мене. Истрагата заврши во моја полза. Јас одреков дека сум автор на брошурата, но изјавив дека со радост би му ја стиснал раката на тој човек за неговата смелост да ја изнесе вистината. Додадов уште дека нашата борба е во Македонија, а не по софиските сокаци и дека сум подготвен да ги фрлам книгите, да го напуштам Универзитетот, да ја грабнам пушката и да одам да се борам таму, доколку и тие се согласат да го сторат истото. Овие зборови и другите искажувања во врска со македонската и општобугарската дејност предизвика симпатии кај терористите, па и на самиот Ѓурков кон мене, но тоа ме им попречи да ме предупредат дека ако продолжам по тој пат не е исклучено да ми ја скинат главата.

Се разбира, јас тукушто тргнав по патот на македонското прогресивно движење (1928-1929) и немав намера да се откажам од него. Тоа беше повод за „гостувањето“ на Мирчо. во семејството ма бижутерот Димитар Коцев, во чија куќа живеев со семејството на мојот чичко. Бевме скоро на иста возраст и наспроти околноста дека е убиец на мојот вујко Славчо Ковачев, станавме пријатели. Мирчо го придоби моето пријателство и искрено се каеше пред мене дека бил жртва на своето незнаење и на младоста, а јас на неговото. со надмоќта на прогресивната идеологија на мак. прогресивно движење по нац. прашање над исповедувањата на ВМРО (врх.), во која тој членуваше. Наснроти тоа, јас се чував од него како од чума, наполно уверен дека е испратен од својот шеф Ванчо Михајлов, не да „гостува“, туку да ме шпионира. Еден ден открив во неговата соба писмо од неговиот шеф со слична содржина, во кое, меѓу другото, имаше укоро дека паднал под мое влијание (за агитација и пропаганда, бев оценет од Партијата со 6) и дека не си ја гледа работата како што треба. Не се воздржав и го разобличив. Тој сè ми призна, но ме успокои да не се плашам, зашто интимно и тој раскинал со Организацијата и решил да си ја смени професијата. Дека не ме лажел имав пеколку конкретни докази, меѓу кои беше и повикот „Кон убијците“, за кои јас и Христо Хролев - Грофот бевме набедени во Истражното и обвинети за неговото објавување. Сигурно ќе добиевме уште некоја година затвор. А тоа што не се случи му го должам на Мирчо. Отишол кај тогашниот пунктов на Софија, Кирил Дрангов, му го извадил револверот и му рекол дека ако не нареди да ме пуштат од Истражното, „ќе пука“. Тогаш имаше најтесни врски помеѓу режимот и Организацијата, и по долги расправии Дрангов го кренал телефонот и ние со Хролев се најдовме на слобода. Подоцна Мирчо го исполни ветувањето да раскине со Организацијата и стана помошник во еден дуќан за бижутерија иа Димитар Коцсв, дури со помош на разни ортаци отвори и сопствен дуќан на аголот меѓу Дундуков и поранешната Трговска. Бидејќи ме копкаше да дознаам на кој начин е извршено убиството на мојот вујко Славчо Ковачев, а исто така да дојдам до некои други податоци за дејиоста на ВМРО (врх.), успеав во тоа време да го убедам да ми ги издиктира своите спомени.

Мирчо го заврши својот живот во Скопје, каде што по 9 септември 1944 г. избега од Бугарија и падна во рацете на ОЗНА. Тој е убиен таму без суд и пресуда. Злите јазици зборуваат дека убиството се случило од некои алчни службеници на ОЗНА за златото, што е најдено во неговиот багаж. Убивајќи го, на тој начин, успеваат да си го присвојат.

15. IV. 1973  г.
Софија    
В.    Хаџи    Кимов

Од спомените на еден македонски револуционер. Започнати на 2 септ. 1929 г.[3]

[3] Реченицата е напишана со ракопис

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]  

No comments: