Александровиот саркофаг во Археолошкиот Музеј на Македонија

МК - Александровиот саркофаг во Археолошкиот Музеј на Македонија

Се нарекува Александров не бидејќи Александар III Македонски бил погребан во него, напротив се нарекува Александров бидејќи на релјефите ги имаме едни од најубавите претстави за ликот историјата и легендата на Александар III Македонски.

Оригиналот од овој саркофаг бил откриен во 1828 година од турскиот археолог Осман Хамди Беј во античкиот град Сидон денешен Либан, но кога бил откриен тоа бил дел од Отоманската Империја поради што оригиналот од овој саркофаг до ден денес е изложен во Националниот Музеј на Турција во Истанбул.

Единствената копија изработена според моделот на оригиналот што ќе биде дозволено да биде изложена било каде во светот е експонатот на овој саркофаг во Археолошкиот Музеј на Македонија каде ќе биде трајно изложен за да ја репрезентира богатата култура и историја на Александар и античка Македонија.

За кого бил направен овој саркофаг?

Според историските и материјални извори овој саркофаг бил изработен кон крајот на 4 век пне за еден феникиски благородник по име Абдалоним. Имено Феникијците ги сметале Персијанците за свои окупатори, кога пристигнал Александар на нивна територија ги ослободил Феникијците од власта на Персијанците и го назначил Абдалоним за свој вазал крал на Сидон и Феникија. Абдалоним пред да почине за да му се заблагодари на Александар го изработил овој саркофаг каде го овековечил ликот и историјата на Александар и античка Македонија. Поради тоа го имаме ликот на Александар на саркофагот на друг човек.

За повеќе информации за ова ремек дело, добродојдени сте да го посетите Археолошкиот Музеј на Македонија и во живо да се запознаете со неговата убавина и историја.

EN - Alexanders sarcophagus in the Archaeological Museum of Macedonia

It is called Alexanders sarcophagus not because Alexander was buried inside, but because on its reliefs we have one of the best preserved representations of Alexander the Great his history and his legend.

The original was discovered in 1828 by the turkish archaeologist Osman Hamdi Bey in the ancient city of Sidon, which is in todays Lebanon but in the time when it was found that was part of the Turkish Ottoman Empire. Because of that the original it is exhibited in the National Museum of Turkey in Istanbul.

The only reproduction made from the original that would be allowed to be exhibited anywhere in the world is the one in the Archaeological Museum of Macedonia, so the people can admire its beauty and of course learn about the life, history, and legend of Alexander the Great and ancient Macedonia.

For who was this sarcophagus made?

According to the historical and material sources this sarcophagus was made for the phoenician nobleman Abdalonymus at the end of the 4th century bc. The Phoenicians thought that the Persians are their occupiers, When Alexander came he liberated them from the persian rule and he appointed Abdalonymus as his vassal king of Sidon and Phoenicia. Abdalonymus to show his appreciation to Alexander he inscribed Alexanders story life and history in the reliefs. That's why we have Alexander in the sarcophagus of an another man.

For more informations about this masterpiece you are welcomed to visit the Archaeological Museum of Macedonia so you can admire its beauty and legend with your own eyes.

© Археолошки Музеј на Македонија
© Archaeological Museum of Macedonia

No comments: