Историски факти за древните Македонци

Александар Македонски се налутил оти Македонец изгубил двобој од атињанин.

Пред повеќе од десетина илјади луѓе кралот Александар навивал за Македонецот Кораг, а по поразот го распуштил собирот и се повлекол незадоволен.

Пишаната историја недвојбено укажува на тоа дека древните Македонци и Хелени биле различни народи. Овој познат факт е разгледуван и во книгата од Драги Арсов "Митологијата и постанокот на древниот македонски народ"...

Меѓу многуте историски факти за древните Македонци, и филозофските согледувања на историјата, ќе може да прочитате и интересни, а помалку познати сведоштва. Едно од нив е двобојот меѓу Македонецот Кораг и атињанинот Диоксип, кој го следел лично Александар Македонски, навивајќи за Кораг.

За овој двобој е запишано дека Александар се налутил бидејќи пред повеќе од десетина илјади луѓе, кои го следеле двобојот, Кораг загубил, а по поразот "кралот го распуштил собирот и се повлекол незадоволен од поразот на Македонецот, а Диоксип по победата се здобил со слава за сите Хелени".

Во книгата на Арсов, кој во минатото беше и пратеник во македонскиот Парламент, публицист и новинар во "Нова Македонија" и политички аналитичар, се поместени многу сведоштва за нехеленската припадност на Македонците и за нивниот постанок, сето тоа пропратено со извадоци од книгите на познатите антички историчари и автори како Диодор, Плутарх, Аријан, Теопомп Хиоски, Птоломеј Лагов, Аристобул Аристобулов...

Стручниот труд на Арсов е поднасловен "Едно толкување аналогно на Шелинговата филозофија на митологијата".

(Де.Т.) Извор: Вечер

No comments: