Припадници на јужното население на нова Србија

Припадници на јужното население на нова Србија [1]

Во Галичник, како и во другите села во западна Македонија, фрагменти и реликвии на старите македонски преданија се очигледни и во секојдневниот живот на сегашната генерација, чии што фестивали се љубопитна фузија на античките ритуали и се исполнети со чудни космогониски митови. Жените претставуваат сплет од едноставност и претенциозност, и иако имаат малку образование не се без интелигенција.


Members of the southern populace of new Serbia

In Galitchnik, as in other villages of Western Macedonia, fragments and relics of old Macedonian lore are evident in the everyday life of the present generation, whose festivals are a curious fusion of ancient rites and permeated with strange cosmogonic myths. The women present a medley of homeliness and pretension, and though possessing little education are not without intelligence. 


Објавено на стр. 4599 од книгата “Peoples of all nations”, објавена во 1922 година, уредена од J.A. Hammerton.

Автор на фотографијата: L.G. Popoff

Превел и уредил: А. С.


1 Во времето кога написот е објавен, прва половина на дваесеттите години од минатиот век, вардарскиот дел на Македонија е под српска окупација и е во рамките на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралство СХС). Под присилно наметнатиот назив „нова Србија“, употребен во написот, се подразбира окупираната, од страна на Србите, територија на вардарскиот дел на Македонија. Овој назив како и називот „Јужна Србија“, биле користени од страна на властите во Србија со цел денационализација и асимилација на македонскиот народ затекнат од новата политичка реалност. Во дипломатски извештај од април 1932 година под називот „Патување во Јужна Србија“ е забележано: „се нарекува Јужна Србија или нова Србија, но никогаш Македонија - име што Србите го забранија“ (Д-р Лазар Лазаров „Македонија во француската политика на Балканот, (1944-1957)“, Институт за национална историја / Матица македонска, Скопје, 1998 година).

No comments: