Македонскиот Робин Худ

„Ако имаше некој од разбунтуваните ѓаурски поданици на Абдул Хамид, спрема кои тој да има лична омраза, тогаш тоа беше Апостол војвода. За случајниот посматрач однадвор и за обичните селани, христијани или муслимани, тој беше видната личност на револуцијата. Странски полициски офицери и конзулски чиновници, неуки за внатрешниот развиток на организацијата, водеа тајни преговори со Апостол, за да ги дознаат неговите гледишта за различните прашања за реформата. Тие веруваа дека тој е претставник на селските маси. Јас сум сведок дека султанот испрати еден од своите роднини кај Апостол војвода, за да ги дознае неговите услови, при кои тој би се повлекол од револуционерна дејност.

Апостол беше македонскиот Робин Худ. Тринаесет години тој носел оружје. Уште пред Дамјан Груев да го организира прочуениот Централен комитет, Апостол ги крстосувал планините.“

Confessions of a Macedonian Bandit

Алберт Сониксен (Albert Sonnichsen) „Исповед на еден македонски четник“ (Confessions of a Macedonian Bandit), глава IV, „Блатата на Карафериja“ (The Swamp of Karaferia).

No comments: