Мори, абер дојде, Ајше ле мори

МОРИ АБЕР ДОЈДЕ АЈШЕ ЛЕ МОРИ

Мори, абер дојде, Ајше ле мори,
јас аскер да одам, Ајше, до девет години.
Мори, ти да станеш, Ајше ле мори,
рано ем порано, Ајше, во понеделник.

Мори, да облечеш, Ајше ле мори,
руво неносено, Ајше, руво неносено.
И да ме испратиш, Ајше ле мори,
долу до јурија, Ајше, долу до јурија.

Море, изим давам, Ајше ле мори,
ти да ме дочекаш, Ајше, до девет години.
Море, на десета, Ајше ле мори,
ако ме дочекаш, Ајше, јас да си дојдам,
јас ќе ти донесам, Ајше ле мори,
еден голем бакшиш, Ајше, срмено елече.

Војо Стојановски

No comments: