Марко Крале - Иван Мештровиќ

Иван Мештровиќ (Ivan Meštrović) роден на 15 август 1883 година во Врполе е хрватски и југословенски скулптор и архитект кој што, заедно со Антун Аугустинчиќ и Франо Кршиниќ, спаѓа во групатана најзначајни хрватски скулптори на XX век.

Негови најпознати дела се двете скулптури на Индијанци во Чикаго, скулптурата „Победник“ на Калемегдан во Белград, „Хрватска историја“ и „Извор на животот“ во Загреб...

Покрај многуте други, Мештровиќ е автор и на скулптура на познатиот македонски владетел Марко Крале со неговиот верен коњ Шарец, која денес е делод богатата збирка на Народниот музеј во Белград.


Оваа скулптура на Мештровиќ е прикажанана југословенската банкнота од 1931 година со вредност од 50 динари, како и на југословенска поштенска марка од 28 септември 1963 година.


А.С. (Македонска Ризница, 19)

No comments: