Една привилегирана провинција на Македонците

Британскиот дипломат Сер Чарлс Елиот изготвил меморандум на 11-ти мај 1897 година за народносната особеност на Балканот, во кој се говори за карактеристиките на македонскиот јазик и за фактот дека пропагандните национални имиња применувани за Македонија не означувале народносни, туку политички називи.

При тоа, тој го акцентира фактот дека црковните пропаганди претставувале фактор во именувањето на населението со пропагандни имиња. Како аргумент, Елиот го дава податокот дека и ред руски автори се придржувале за тезата дека „во Македонија нема Бугари или Срби, туку само Словени и дека населението, со исклучок на Албанците, е достаточно хомогено за практично да биде можно да се создаде една привилегирана провинција на Македонците, во која расните разлики нема да се приметуваат“.

Сер Чарлс Елиот

"There are no Bulgarians or Servians in Macedonia, but only Slavs, and that the population, excluding the Albanians, is sufficiently homogeneous for practical purposes to render feasible the creation of a privileged province of Macedonians, in which the differences of race would not be recognised."

(Public Record Office, London - FO 78/4801, Turkey (Dipl.) From P. Currie, 1897)

No comments: