11 Октомври 1941 година и народното востание во Македонија, 1. дел

11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА И НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Лазар Колишевски

Важни судбоносни настани и претходеа на капитулацијата на владеачката клика во стара Југославија. Таа капитулација не беше некој единичен акт, ами систематски политички курс, низа од предавства на народните интереси на Југославија. Владеачката клика на чело со Цветковиќ, Мачек, Цинцар—Марковиќ и др., одамна веќе беше станала петта колона на Хитлера и Мусолини. По испробаните рецепти од Берлин и Рим, во моментот на фашистичката опасност што како Дамоклов меч висеше над главите на нашите народи, владеачката клика се повеќе ја заоструваше својата борба против сите демократски и родољубиви сили во земјата, својата национално-потиснувачка политика, создавајќи јаз од недоверба и омраза меѓу нашите народи и слабеејќи ја со тоа одбранбената сила на земјата. Во Македонија таа политика на хегемонистичката големосрпска владеачка клика се опираше врз еден мал дел од народот, врз дел од буржоазијата.


Наспроти силите на реакцијата по иницијативата на КПЈ во Југославија беше зафатило групирањето на сите демократски и родољубиви сили во еден фронт. Во Македонија тоа групирање одеше побавно, но сепак во последно време имаше пожива и помасовна политичка активност од кога и да било. Така, на 27 март 1941 година најнапреднисуг дел од нашиот народ зеде учество во величествените демонстрации и манифестации организирани од КПЈ.

Кои беа пречките во Македонија за полното мобилизирање на сите народни сили во еден фронт во она време? Тоа беше, помегу другото, фактот што на предавниците на македонскиот народ Ванчо Михаилов, Чкатровци, Гузеловци, Китинчев и компанија не им беше сметната маската на „национални борци“ и „маченици“, та се уште успеваа да држат во заблуда еден дел од нашиот народ. Освен тоа, стара Југославија му беше до таа мера омразена на македонскиот народ, што тоа му пречеше да се ориентира полесно, политички правилно, како што му пречеше заедно со тоа и фактот што некои буржоаски елементи беа подложени на влијанието на петтата колона и склони да се поведуваат по одделни провокации, како таа на Петар Думанов, (11) итн., итн.

Напредното движење беше се уште релативно слабо, та не можеше да ги соедини сите позитивни елементи и да ја изолира реакцијата до онаа мера до која тоа беше постигнато во другите земји на Југославија. При таа положба не е ни чудно што раѓањето на Народниот фронт на Македонија одеше побавно отколку во другите краишта на Југославија.

Но сепак, треба да се истакне дека КПЈ, единствена од сите постојни партии во Југославија, имаше правилно становиште во однос на македонскиот народ и на македонското прашање. Таа го збираше значителниот и најнапредниот дел од нашиот народ, со кое се создаваа услови за натамошно групирање на се пошироките маси околу таа здрава јатка, а на линијата на заедничката борба на југословенските народи против најголемиот непријател — фашизмот и опасноста од неговата наезда, за демократски права и национална рамноправност, за право на самоопределување до отцеггување или соединување. Партијата ги предводуваше југословенските народи во борбата како против (политиката противнародната влада Цветковиќ—Мачек, а посебно и против владата на Симовиќ, така и против подмолната разбивачка и предавничка дејност на разните „националисти“, сепаратисти, отворени или прикриени агенти на Хитлера, Мусолини, цар Бориса и др.

Поради сето тоа, кога дојде 6 април, дел од масите во Македонија не беше готов да се бори во војната под омразеното државно раководство на стара Југославија, макар што тоа воздржување објективно го слабееше отпорот против фашистичката наезда против која КПЈ ги фрли сите свои сили. Оттука извесни елементи од нашиот народ и дел од малцинските маси беа склони да ја прифатат, и за најпрво време ја прифатија лагата, протурена вешто од петтата колона и бугарскиот фашистички окупатор дека окупацијата и распарчувањето на Југославија и одделно на Македонија значи ослсбодување на македонскиот народ. На територијата под италијанска окупација ситуацијата се карактеризираше со тоа што таму такви и уште поголеми заблуди се сееја сред албанското малцинство по однос на италијанскиот окупатор, а некои Македонци својата надеж за „ослободување“ ја свртуваа кон фашистичка Бугарија. Окупаторот пак од своја страна правеше сè за да ги засили таквите појави сред македонскиот народ со цел да направи од него свое послушно орудие, па дури и за поробување на другите југословенски народи, првенствено на српскиот народ. Поради својата централна положба на Балканот, освен тоа, Македонија требаше да послужи како отскочен лост, а македонскиот народ како орудие за смирувањето и задушувањето на антифашистичката борба на балканските народи.

Но, не требаше да мине долго време за окупаторот да почне да се покажува во својата вистинска боја. Од првиот ден на окупацијата тој започна со безобѕирна политика на денационализирање, пљачкосување, уценување и прогони. Уште веднаш дојде до протести на народните маси кои јасно покажаа дека окупаторот не ќе може да ја спроведува својата политика, и покрај сета своја сила и бруталност. Така македонскиот народ протестираше против газењето на својата националност, борејќи се за зачувување на своето национално име и роден јазик, протестираше против невидениот грабеж и од првиот ден го изразуваше на многу места својот гнев против ѕверското постапување со српскита населеници итн. Денот на нападот на СССР од страна на фашистичка Германија и влегувањето на СССР во ослободителната војна, на 22 јуни 1941 година, како кај сите наши народи така и кај македонскиот народ донесе решителен прелом. Тоа беше најрешителен удар по сите илузии сеени и поддржувани од окупаторот и неговите слуги, тој ден јасно и гласно покажа дека пропаста на фашизмот е неизбежна, дека е дојден денот за решителна борба против окупаторот и дека таа борба ќе биде, наопроти сите жртви, победоносна. Дваесет и втори јуни 1941 година предизвика големо засилување и забрзување на оној процес и соединување на сè што беше чесно во еден фронт, што значеше истовремено се поголемо оттргнување на масите од окупаторскитс слуги и изострување на омразата спрема нив.

КПЈ, благодарејќи на својата правилна политичка проценка, на својата борбеност и доследност, како што е познато, навреме имаше земено мерки за организирање на борбата на југословенските народи под условите на фашистичката окупација. Предвидувајќи го развојот на политичките настани, таа уште пред разгромот на бивша Југославија формира воени комитети со цел да се извршат последните подготовки за народното востание против фашистичкиот гнет, а тој момент настапи, воопшто земено, со 22 јуни 1941 година, макар што и порано уште низ Југославија беа зафатиле понекаде воени дејствија и престрелки (Босна).

Во Македонија воените подготовки за оружена борба против окупаторот не беа спроведени од Шарловото раководство, што мораше подоцна да се навасува. Шарловото раководство не беше способно да ја согледа и правилно да ја оцени новонастанатата ситуација и покрај правилната линија на КПЈ. Така во тогашното политичко раководство некои луѓе направија фатални политички грешки што граничеа со предавство, како што беше, на пример, директивата скриеното од војната оружје да му се даде на окупаторот; понатаму, паролата за „советска Македонија“, итн. Големите грешки што тие луѓе ги направија, предизвикаа такви последици, од кои нашето Народноослободително движење долго време трпеше и од кои не можеше така брзо и лесно да се опорави. Коренот на сите тие грешки лежеше во откинувањето од линијата на КПЈ во однос на заедничката борба на југословенските народи против окупаторот, а за една нова Југославија, во која нашите народи ќе се здобијат со национална рамноправност низ остварување право на национално самоопределување до отцепување или соединување.

Имено, тоа раководство и некои луѓе однадвор (12) тенденциозно сакаа да ги изедначат некогашните режими во стара Југославија со она што КПЈ го гледаше во нова Југославија, за која југословенските народи веќе се бореа против окупаторот, за која и најшироките народни маси во Македонија беа готови да се борат. Тие и такви луѓе одеа кон отцепување на македонскиот народ од заедничката спасоносна борба и со тоа го оставаа македонскиот народ да биде беззаштитна жртва на фашистичкиот окупатор. Тие истите не гледаа или не сакаа да видат дека нивното становиште не е многу далеку од паролата на В. Михаилов за „независна Македонија“ или од политиката на окупаторот која исто така и по секоја цена сакаше нашиот народ да го изолира од заедничката борба на југословенските народи и да им го спротивпостави, што ќе рече — да го запечати неговото ропство и да го втурне во братоубиствена борба против братските југословенски народи.

Во кои форми се јавуваше тоа опасно становиште на тие малубројни луѓе што сакаа да се претстават за добронамерни и напредни? Се јавуваше во стравот да се спомене името на нова Југославија. Оттука и паролата „слободна Македонија“, но без слободна Југославија, само затоа што стара Југославија му беше омразена на македонскиот народ. Тоа се изразуваше и во измислувањето на некои божем „специјални“ услови во Македонија, многу различни од тие во другите краеви на Југославија, поради кое божем партизанската борба била кај нас невозможна, па во најмала рака треоало барем „уште да се чека“. Тоа становиште нив ги доведе дури и до одречување на единственото политичко раководство на нашите народи, макар што таквото единствено раководство беше прв услов за правилна и победоносна борба. Сето тоа настојување за отцепување на нашиот народ од борбата на југословенските народи, од единственото политичко раководство и неговата правилна борбена линија одеше паралелно со обидот за поврзување на нашето Народноослободително движење со таквото во Бугарија, а тоа значеше ни помалку ни повеќе подредување на нашето Народноослободително движење на ослободителното движење во Бугарија, кое далеку заостануваше зад Народноослободителното движење на југословенските народи, пред сè, поради низа сериозни субјективни слабости.

Продолжува

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска библиотека]

No comments: