July 30, 2013

ЛЕГЕНДАТА ЗА НАСТАНУВАЊЕТО НА ПЕСНАТА Прошетал Димчо, рашетал

Инспирација за настанокот на оваа песна е животот на Димчо Стоилков од Кочани (1899-1961). Димчо како млад бил многу личен ако не и најличен во Кочани поради што бил многу популарен меѓу девојките Македонки, но и анамите не биле рамнодушни. И ним им треперело срцето кога ќе го виделе.

Токму затоа е и напишана и испеана оваа песна:

ПРОШЕТАЛ ДИМЧО РАШЕТАЛ

Прошетал Димчо рашетал, низ јуручките маала, низ јуручките маала.
Прошетал Димчо рашетал низ јуручките маала.
Го догледале анами, анами млади кадами, анами млади кадани.
Го догледале анами, анами млади кадами, анами млади кадани.
Анами на Димчо говорат - елај си Димчо на кула, да пиеш лута ракија.
Да пиеш лута ракија, да јадеш мезе сирење.
Димчо на анами говори - анами млади кадани, не ме зимајте на душа.
Не ме зимајте на душа, Јуруци ке ме утепат.

Податоците за потеклото на Димчо се скромни, знаеме дека неговите родителите се викале Иван (1858-1934) и Марија (1867-1924) Стоилкови. Имале 11 деца. Во еден период од младоста, Димчо се занимавал со сликарство, дарба која ја наследил од неговиот најстар брат Лазар (1884-1920). Заедно со неговата сестра Рада (1898-1970) сликале Були (Турчинки). Во еден период за време на Втората светска војна бил кмет (градоначалник) на Кочани. Би требало по архивите на општината Кочани да има повеќе податоци, ракописи и слики за овој ербап Димчо, што пиел лута ракија, јадел мезе сирење, мрсел мустаќ со печени кокошки, а богами и љубел млади анами.


Вечното почивалиште на славниот Димчо се наоѓа на градските гробишта Бутел во Скопје.

Во Скопје и денес живее еден Димче кој е всушност негов внук и кој го носи името односно е крстен според дедо му Димчо опеан во песнава.

Македонска Ризница, број 6

No comments: