June 12, 2013

Карпошевото востание 6. дел

Драган Ташковски КАРПОШЕВОТО ВОСТАНИЕ

Овие децентралистички стремежи, што кон крајот на XVII век доаѓаа до полн израз, во зародиш постоеја уште кон средината на XVI век, во времето на Сулејмана, кога османлиско-тимарскиот систем го достигна својог врв. Спахиите масовно отпочнаа да откажуваат послушност кои султанот и почнаа да ја претворуваат спахиската земја во своја и самите почнаа да прераснуваат во чифлик-сајбии. Пашите, кои повеќе се сметаа за апсолутни господари во својот пашилук, се разбира, користејќи ја слабоста на централната власт, чинеа разни злоупотреби со зијамегите и тимарите, продавајќи ги за своја сметка. Исто така и јаничарите, кои живееја во градовите, користејќи ја слабоста на централната власт и анархијата во земјата, на сила ја заграбуваа земјата од селаните-раја и самите тие се претворуваа во чифлик-сајбии.

Самото проширување на спахиското право над спахилуког во лична своина, по пат на насилби и создавањето на чифлик-сајбиство, беше во зародиш уште кон крајот на XVI, а особено зеде мав во XVII век, а подоцна со Џулханскиот хагишериф конечно беше признаено.

Во самиот чифлик влегуваше неподвижна сопственосг како: земји за обработка, ливади, гори или езера, куќи и друго, кое беше сопственост на бегот, чифлик-сајбија. Чифлигарите-селани, кои не притежаваа своја сопствена земја, со својот земјоделски инвентар, работен добиток и земјоделски орудија ја работеа беговската земја. Чифлигарите, таканаречени „јараџии“, беа присилени добиените продукти да ги делат напола со чифлик-сајбијата. Се разбира, прво се вадеше десетокот за царот, потоа семето кое се сметаше како своина на бегот, потоа плата на субашите и сејмените доколку ги имаше од последните, а на крајот останагото се делеше напола. Покрај ваков однос во чифлиците имаше и таканаречени „ајлакчии“ и аргати (4), или пак „кесим-џин“, кои ја земаа беговската земја под закуп за една или две години.

Овој нов облик на феудална зависност на селаните им беше многу потежок отколку во спахилукот. Додека порано спахијата земаше еден помал дел од произволите, сега чифлик-сајбијата засегнуваше и во „правото на своина на селанецот“, а со тоа последниот ја губеше својата самостојност што ја уживаше во стопанско-економски поглед во спахилукот. Во вакви услови воениот феудализам на Турција се изродуваше во друг облик, така што феудализмот од воена категорија се претвори во економска, кој облик беше знатно потежок од претходниот за христијанскиот селанец.

Од посебен интерес за објаснувањето на ова востание претставува положбата на кратовските рудари, кои беа кичма на ова селанско-рударско востание. Треба да се подвлече дека богатите кратовски рудници за турската империја претставуваа првостепена важност. Покрај вадењето на сребро, бакар и олово, во непосредна близина на истите се ковеа бакарни и сребрени пари. Само овие рудници на царската хазна ѝ носеа годишен приход од 70.000 дукати. „Citta de Cratova con le minere d'oro et argento... frutta questa terra al gran Turco con minere 70.000 dukati latino“.(5) Каква била положбата на рударите од овој крај кога дошле Турците на Балканот не ни е извесна.. Но може да се претпостави дека не била така тешка каква била во втората половина на XVII век, за што може да ни послужи како доказ релативното мирување на рударското население од овој крај до тоа време.

Положбата на рударите се влоши особено во втората половина на XVII век, кога Турците трпеа порази на бојните полиња и царската благајна мораше да се ориентира на свои извори, а не како порано главно на пљачката и контрибуции што мораа да ги плаќаат победените народи. За што поголема експлоатација на кратовските рудници административната турска власт воведе работа во нив и дење и ноќе. Рударите работеа по 18 и повеќе часови, така што едвам им остануваа неколку часови за одмор. Во самите рудници не работеа само мажи, туку и жени и деца. Населението, од овие краишта со сила се тераше во рудниците, така што селата наполно опустеа. По куќите останаа само изнемогнати старци и старици, кои чуваа голем број нејаки деца. Исто така земјата запусти, бидејќи никој немаше да ја обработува во овој крај.

Условите под кои се работеше во рудниците беа многу тешки. Во самите рударски окна владееја разни заразни болести и мнозина умираа од истите. Положбата на рударите уште повеќе се влоши кога во Скопје се формира „маденџиска управа“, а самите рудници се даваа под закуп на приватници наречени маденции. За давањето на рудниците под закуп ни зборува и Евлија Челебија, кој вели дека кратовските мајдани, што биле седум на број, беа дадени под закуп на Махмуд-паша кој живеел во Скопје, а плаќал за истите 70 товари аспри годишно на име закупот на истите.

Јаничар (Сликата е земена од книгата на О. Г. Бузбек: „Писма од Турција“)

Земањето на рудниците под закуп од страна на приватни лица уште повеќе ја влоши положбата на кратовските рудари. Маденџиите-закупци, за да исцедат што повеќе од рудниците, нечовечно се однесуваа кон работната рака — рударите. Рударите беа злоставувани од страна на рударските надзорници. Ако некој од рударите беше виден да седи, беше тепан со камџија. Покрај тоа маденџиската управа се однесуваше нечовечно и кон исплатувањето на рударите. Колку се вршеле злоупотреби по рудниците околу исплатата може да ни послужи како доказ и еден од кануните, со кој самата држава интервенираше кај маденџиите. ,,На селата — пишува во еден член на каиунот — кои работат во мајданот, било да се тоа тимари или царски хасови, треба нивните плати (се мисли на селаните-рудари — Д. Т.), кои за нивната работа ги одредил муфетишот, потполно да се исплатат од власникот на мајданот.“(6)

Сите овие мерки и лоши постапки спрема рударите доведоа дотаму, што рударите во бурните 1689—90 година застанаа на чело на востанието во Македонија, борејќи се рамо до рамо со селаните на кои им дозлогрди тешкиот живот под обесните Турци.

Продолжува

4. Ајлакчија — селанец што работи со постојана месечна награда; аргат — надничар.
5 „Рад", Гласнпк Јуѓословенске академије, XV книга, стр. 216. 
6 Фехим Спахо, „Гласник Земаљског музеја“, Сараево, кк- XXV. стр. 165.

No comments: