Македонија во делата на хрватскиот уметник Томислав Крижман

Томислав Крижман е роден во Орловац, Хрватска во 1882 година. Во текот на неговите студии на Академијата за трговија во Загреб приватно учи цртање кај Бела Чикош Сесија, Роберт Ауер и Менчи Климент Црнчич. Потоа заминува на студии во Виена.

По завршувањето на студиите работи прво како професор во училиште за уметност, а од 1922 година е, вклучен во Уметничката академија (оддел за графика). Иако тој најчесто сликал во масло и темпера, ќе остане засекогаш запаметен по неговиот извонреден графички опус. Крижман сакал да патува низ Европа, особено низ земјите од Балканот. Посетите на Македонија останале забележани низ бројни уметнички дела во кои се насликани Битола, Охрид, Тетово и Скопје.

Она што Крижман го поврзува со Македонија е и неговото пријателство со врвниот македонски уметник Никола Мартиноски. Имено во 1936 и 1937 година, Мартиноски има заедничка изложба на цртежи во Загреб со Томислав Крижман.








Благојче Андонов [објавено во Македонска Ризница, бр. 10]

No comments: