Интервју со Киро Глигоров за приговорот на АНОК

ДЕЛ ОД ИНТЕРВЈУТО СО КИРО ГЛИГОРОВ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА УЛОГАТА НА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ И НА ПРИГОВОРОТ АНОК КОН МАНИФЕСТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПОМ

„... Имаше смели млади луѓе како Кузман Јосифовски-Питу. Тој ги правеше идните планови за државата. Кузман доби задача од Централниот комитет да ги управува активностите на партиските активисти во Македонија. Јас требаше да му најдам стан. Го сместив кај мојата баба. Таму живееше повеќе од година. Меѓутоа, доби писмо од ЦК во кое пишуваше дека според правилата на илегалниот живот не смееш да живееш предолго на едно место. Секако некој ќе те забележи, ќе те фатат. Да го промениш местото. Бугарските власти го разбраа, ја опколија куката и го застрелаа...

...Кај него одев секој втор, трет ден. Тој имаше доверба во мене... Една вечер кога бев кај него, му рсков дека јас и Благој Хаџи Панзов имаме забелешки на Прогласот на Главниот Штаб (Манифестот на ГШ, н.б.). Кога му реков за што се работи, и тој ми кажа дека размислувал за тоа. Ми рече: Па добро бе, не може само еден дел од Македонија да биде слободен, а другите... ќе бараме сè.

Кога го испративме приговорот, подоцна бевме оптужени. Сега јас не бев било кој. Организирав избори за АСНОМ. Ми рекоа дека сите што се избрани за АСНОМ да ги донесам во близина на манастирот Прохор Пчињски. Таму во близина беше и Главниот Штаб и Централниот комитет. Дојдоа околу 60 души...“

Изјава-сеќавање од Киро Глигоров за авторот на овој труд (Кире Филов), дадена во просторните на кабинетот на Киро Глигоров во Скопје септември, 2007 Година

Кире Филов, Политичките и економските промени во Штип и Штипско...

No comments: