Лазарските песни во костурско Пополје 4. дел

Александра ПОПВАСИЛЕВА (Скопје)

Лазарските песни во костурско Пополје (Егејска Македонија)

Не се заборавени и свршениците. Од кратката песна, составена само од пет стиха, блика таинственост и трепет:

Свешча свети в зимен керал,
н'тре мома се променва,
се променва, се нарендва,
лудо седи да ја пули
ка с' променва, ка с' нарендва!

(Пееле Динка Гимандова, 60 години и Слобода Попвасилева, 58 години, од с. Куманичево, Костурско, 1968 година)

Силно трогателната песна „На камен ст'пна караѓозлија", во која се испеани чувствата на младиот печалбар кон својата „прва љубов“, се пеела на млада жена, на која момчето ѝ било на печалба или набргу се вратила од печалба:

На камен ст'пна караѓозлија,
дома се најде караѓозлија,
дома се најде при прва љубна,
при прва љубна, при м'шко - дете.
Љубна си најде дека спиеше,
мила му беше да ја разбуди.
Си отиде на градинката,
в градинката, в босиљоко,
си извади остро ноже,
си посече бел босиљок,
го накисна в бистра вода,
та попрска прва љубна.

(Пееше Каљопа Костандинова, 74 години, од с. Загоричани, Костурско, 1968 година)

Лазаровден е празник на девојките и тие сакаат да им покажат сè што носат убаво на себе и во себе, не само на луѓето од своето маало, туку и на оние од другото.

Селата што се разделени на две маала, како на пример с. Куманичево, лазарките, кога ќе го довршеле лазарувањето во своето маало, оделе да лазаруват во другото маало (обично оделе во саботата). Средбата на лазарките од двете маала, на пат од едното маало за другото, е посебно доживување. Пред да се сретнат пеат натпреварувајќи се, а кога ќе се сретнат сите заедно ја пеат омилената лазарска песна:

Чануле ми се Маруле,
лепо да грееш вечера
оти ќе врве лазарки,
да не си брке фустани,
фустани бели, црвени!

(Пееле Динка Гимандова, 60 години, Слобода Попвасилева, 58 години, од с. Куманичево, Коетуреко, 1968 година)

Друга една варијанта на оваа песна гласи вака:

„Мара ле, месечино ле!
Лепо да грееш 'вај вечер,
Оти Не врве лазарки;
Да не си збрке кондури,
Кондури, бели чорапи
И бели нихни сангии,
И шарените цоници,
И чултарите прегачи!“

(К. А. Шапкарев, цит. дело, кн. I, 1891 г., стр. 92)

Од двете варијанти се гледа дека песната се пеела според носијата што се носела во селото. Приквечер, уште пред зајдисонце, лазарките оделе надвор од селото на полјанка или на некоја црква надвор од селото. Вртеле околу црквата и пееле на „испроводјак" на Лазара. Овие песни се одраз на желбите на самите лазарки:

Aj со здравје, Лазаре,
па јоднапре да дојдиш;
танчарката невеста,
пашкарката танчарка.

(Пееле Динка Гимандова, 60 години, Слобода Попвасилева, 58 години, од е. Куманичево, Коетуреко, 1968 година)

А еве и во една друга варијанта:

Aj со здравје, Лазаре,
па јоднапре да дојдиш,
сите чупи да 'и најдиш.
Koja ќe се ом'жи
на бунишче да седи,
сламка љуљка да љуља,
присој конци да сучи,
м'жу гашчи да крпи!

(Пееше Каљопа Костандинова, 74 години, од с. Загоричани, Коетуреко. 1968 година)

Така било се до 1912 г., кога овој крај потпадна под грчка власт. Од тој датум настапија големи промени не само во обичајот лазарување, но и во сите други обичаи. Голем број села (Загоричани, Б'мбеки, Личишча, Олишча и др.) се откажале од обичајот лазарување, бидејќи требело да се пее на грчки. „Од тој ден во нашето село ни лазарка пее, ни кукавица кука!“ — вели Благој Даскалов од село Желини, Костурско.

No comments: