March 23, 2013

Приговор на АНОК кон манифестот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија 2. дел

...II ЗАБЕЛЕШКИ ПО ВОПРОСИ КОИ ДОКОСНУЈАТ ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БОРБА

...Од така преведените думи на Тито излева следното: 1) Народно-ослободителната борба требе да доведе до ослободуењето на Југослави ја 2) Taja НО борба требе да донесе национална рамноправност на сите народи на Југославија и 3) Taja слобода може да е спечали секој народ само со пушка во рака.

Прокламираните горни три пинципа, приложени на македонската дејствителност, значат: слобода и равноправност на една трета част от Македонија, која беше преди 1941 во границите на бивша Југославија, или приложен до крај принципа оти таја борба требе наминовно да значи и национална слобода и на отделните народи, за нашиот народ она нема да донесе слобода и рамноправност, оти частично слободен народ не е слободен. Но, понеже Тито исправно е поставил теоретски неопходимите условија за ослободуењето на еден народ неприложимоста на така поставените принципи на македонската дејствителност, значи да во тесните рамки на Југославија не може целостно да се разреши македонскиот национален вопрос. И во миналото, како от нашите дејци во ослободителното движење, така и от тугјите борци и движенија винаги се е сметало оти решението на македонскиот вопрос е возможно само во една федерација на Балканските народи, заради това, оти нашиот вопрос е општбалкански...

...Повтараме: Проблемот на Македонија и неговото разрешение надхврлуе рамките на бивша Југославија...

...Кога констатираме, от една страна, оти Тито е правилно поставил принципите на НОБ на народите во бивша Југославија, а од друга страна, оти баш заради така поставените принцишпи, македонскиот вопрос надхфрлуе рамките на Југославија и не може целостно да се разсрешо бо тала "југословенска комбинација", питаме се: што е накарало југословенското народно ослободителнио движение а по отделно самиот Тито. да вмкне македонкиот вопрос за разрешаване во комплексот на националните вопроси на другите народи на Југославија? За това може да се најдат три причини и објасненија:

1) Неосведоменост на југ(ословенското) нар(одно) осв (ободително) движение по специјално на Тито, за националните тежненија на македонскиот народ, за неговата минала револуционерна борба, за днешните му идеали во таја народно ослободителна борба и вечнија му копнеж, да се еден пат за секога со сите сили заработи соединението на Македонија - единственото возможно решение на Македонскиот вопрос, гледан от Македонска гледна точка и от општобалканска призма. Не решение на македонскиот вопрос на парче, во една чужда на него, искуствена комбинација - Југославија, со која не го сврзуе никакво политическо наследство а е символ на неговото најцрно робство, а целосно решење во една широка комбинација.

2. Втората причина за таквото гледање на мак(едонскиот) вопрос може да биде: желанието на најпрогресивното за денеска народно-ослободителнио движение-југословенското-да собере околу себе шо повејке от поробените народи на Балканот, барем тија што живејева во бивша Југославија, за да може поефикасно да се концентрира и засили, под едно обшто раководство, главаната борба денеска на сите поробени народи-уништожуењето на фашизмот - главната пречка за слободата на народите.

...Ние не забраваме и не превидуеме, оповељата на днешното време-безпоштедната борба до покопуењето на фашизма, а само излезуејќи од неја, сакаме да најдеме правилно разрешение на нашиот, можеби најтежок национален вопрос, за да можат да се остварат предпоставките за полното мобилизиране на сите материјални, човечки и духовни сили за таја превасходна борба. Сакаме согласуване на врховната повеља на денот на нашата народна новеља, оти без правилното поставање на Мак(едонскиот) вопрос во неговата вистинска светлина, пред самиот народ, во согласие со тежненијата на тоја народ, нема единение на народа, нема истинска народна освободителна борба, нема истинска антифашистка борба.

Ако нашата пушка денеска не грми за соединението на Македонија. никој това соединение нема да ни го подари. Ако ние се задовољваме со разрешението на македонскија проблем на парче, еден пат за секогаш поделбата на Македонија е санкционирана...

И најсетне, зашто не одговрихте на народа оти судбината на Македонија не може предварително да се начерате во рамките на бивша Југославија, без да се прашат останалите две третини на нашиот народ да ли се за това или не?... Не ли е оправдано, да ве попитат, кога ги подканихте, разбира се, совсем правилно, Арнаутите, Власите, Турците и др. на борба со наиот народ, зашто не ги подканихте нашите братја од другите краишта от Македонија на заедничка борба и е ли това молчание во согласие со принципа за соединениет на Македонија?

...ние напишахме горните редове, раководени от единственото желание македонската борба да најде својот истински пат... Сакаме... нашата НОВ И ПО - заштитникот и надежта на македонскиот народ - да раснат , крепнати печалат се нови и нови победи.

Примнато на 9.XII.1943 год.

Срдечни другарски поздрави
ДАРМ, фонд: НОБ, кут.35, а.е. 279;

Кире Филов, Политичките и економските промени во Штип и Штипско...

No comments: