Приговор на АНОК кон манифестот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија 1. дел

ПРИГОВОР ОД ГРУПА ЧЛЕНОВИ НА АКЦИОНИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОМИТЕТ КОН МАНИФЕСТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НОВ И ПО НА МАКЕДОНИЈА

(9 декември 1943 год.)

„До Главниот Штаб на Македонската нар(одно). осв.(ободителна) војска војска и ПО. Некаде во Македонија.

...Драги другари,

Манифестот. изпратен од Вас до Македонскиот народ, изполни со радост и гордост срцата на сите чесни Македонци, поради следните два факта: 1. Образувањето на македонска народно ословодителна војска и 2. Формирањето на раководството на таја војска - нејниот Главен Штаб... Илинденското востание се повторуе денеска со борбите на народно-ослободитслната војска и партизанските оотреди и нови светли страници, исписани со крвта на борците за свободата на нашиот народ, обогатујат нашата историја. Но, таја славна борба е едновремено и дел од борбата на сите слободољубиви народи за оконнчателнио уништуење на фашиското зло и за утрешниот нов свет, во кој сите народи ќе се радуваат полна национална слобода, политичка рамноправност и социјална справедливост.

Манифсстот, гледан во таја светлина, е акт од историческо значение, наред со манифестот на Крушовската република и Уставот на ВМРО на Гоце, Даме, Ѓорче Петров и Пере Тошев, којто требе да начертае принципите и задачите на Македонската Народно-освободителна борба, имајќи вид миналото на нашиот народ, неговите идеали - национално обединение, на базата на братството на балканските народи - гледано во конкретна воено-политическа обстановка.

Бидејќи от такво големо значение, манифестот предизвика коментари во сите краишта на Македонија. Секој што политички мисли си даде мнението но него. Па Акциониот комитет на народбноосвободителната борба во Македонија и 8-те души от повиканите во Македонското Народно Собрание, синтетизирајќи ги различните забелешки по манифестот, сметава за своја должност да изнесат пред штабот најоснованите забелешки...

...Сведени на поважните, забелешките се следните:

I ФОРМАЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ:

...На еден манифест винаги требе да му претходи некој основен акт: устав, платформа.... во кој акт требе да се синтетизираат во неколку точки основните принципи на народната борба. Тој акт би требало да е „Вјерују“ на секи Македонец. Манифестот, па иде да обнародува и објасни...принципите на основниот акт...за да ги направи извесни за сиот народ.

Во нашиот случај, штабот се е обрнал до народа со еден манифест на кој не претходи никаков основен акт, којто да е претпоставка за излизане то со манифесто пред натродот. Заради това, и целиот манифест...е еден обикновен позив до македонкиот народ иако во него се засегнати основните принципи на македонската ослободителна борба.

2. Компетенцијата на штабот

...штабот е не само и предимно воено тело на Нардоноослободителната војска, но штабот, составен од 11 души, не е смеел да определуа окончателна форма основните линии на борбата, а и дума да не става за определуење на конкретни политически ангажаменти.

Но, кога е навлегол во компетенцијата на Народното собрание, то штабот е требало оштер во началото на Манифестот да каже, оти Манифестот има временен карактер, до свикването на Народното Собрание, које е единствено компетентно во дефинитивна форма да определује, основните принципи на борбата ни, како и да приеме конкретни ангажаменти во дадената конкретна политическа обстановка...

Во врзка со тоа за напред би требало јасно и презцизирано да се разграничат должностите и правата н а двете тела - штабот и Народното собрание...

Кире Филов, Политичките и економските промени во Штип и Штипско...

Продолжува

No comments: