Македонија, како назив на цигари

Во минатото, освен што македонскиот тутун ширум светот бил користен за производство на цигари со врвен квалитет, од страна на повеќе тутунски компании во светот биле произведувани и цигари со називот „Македонија“.

Во германскиот град Дрезден, во фабриката за цигари „Македонија“ (Macedonia), меѓу другите, се произведувале и цигарите „Македонија Милд“ (Macedonia Mild) и „Македонија Селас“ (Macedonia Selas).

Кутија на брендот „Македонија Милд“:


Кутија на брендот „Македонија Селас“ (1920-1930)[1]:


На кутијата на „Македонија Селас“ пишува дека цигарите биле произведувани „без додатоци, а само со фин, чист ориентален тутун, мешавина од најдобрите пратки од Македонија, Бугарија и Турција“ [2]


Компанијата, помеѓу колекционерите, е позната по картичките кои што ги имало во кутиите со цигари. Една од сериите е онаа од 1932 година (Macedonia Film Star Serie 1) со 150 картички од познати филмски ѕвезди, меѓу кои Џеки Куган, Жозефин Бејкер и Бастер Китон.

Албум за картичките од 1932 година [3]


Оваа компанија и компанијата за цигари „Ланде“, која исто така прозиведувала цигари од македонски тутун, по спроведен референдум за експропријација, во 1948 година од страна на Источна Германија (DDR) се споени во една.[4]


Плакат за компанијата за цигари „Македонија“ (Macedonia) од Дрезден:


Во четириесетите години на минатиот век, во Германија од страна на „Махалеси“ (Mahalesi), бил произведуван специјалниот тип на цигари „М8 Мацедониш“ (M8 Mazedonisch; прев. М8 Македонски)[5]:


Во Италија, цигари со назив „Македонија“ (Macedonia) се произведувале уште од далечната 1897 година.[6] Овие цигари биле едни од најпопуларните во Италија и се среќаваат во повеќе италијански филмови од средината на минатиот век.


Брендот „Македонија Екстра“ (Macedonia Extra), исто така произведуван во Италија од „Монополо Италијано“ (MONOPOLIO ITALIANO), го пуши и Малена (Malèna) во истоимениот популарен филм (00:09:40) со две номинации за наградата Оскар.

Изглед на „Македонија Екстра“ (анџело) од 1936 година. Пакување за десет цигари[7]:












Изглед на „Македонија Екстра“ од 1931-1938 година. Картонска кутија со десет цигари[7]:











Изглед на брендот на цигари „Македонија Екстра“ од 1942-1943 година. Картонска кутија со дваесет цигари [7][8]:









Реклама за италијанскиот бренд „Македонија Екстра“ од 1932 година [7][8]:


Реклама во списание на „Македонија Екстра“ од 1932 година[7]: 


Рекламa за брендот „Македонија Екстра“ 1937 година [7]:


Рекламa за брендот „Македонија Екстра“ 1938-1939 година[7][8]:

 

Реклама на „Македонија Екстра“ од 1932-1940 година[7]:


Реклама за италијанскиот бренд „Македонија Екстра“ од крајот на 1939 година
[7]:


Реклама на италијанскиот бренд „Македонија Екстра“ од 1940 година[7]:


Реклама за италијанскиот бренд „Македонија Екстра“ (Macedonia Extra):


Реклама за италијанскиот бренд „Македонија Екстра“ (Macedonia Extra):


Реклама за брендот на цигари „Македонија Екстра“, опишани како „цигари од висока класа“:


Oд истата италијанска компанија за цигари бил произведуван и брендот „Македонија Оро“ (Macedonia Oro; прев. Македонија Златни).

Кутија на брендот на цигари „Македонија Оро“[7]:


Реклама за италијанскиот бренд на цигари „Македонија Оро“:


Цигари наречени „Македонија“ (Macedonia), се произведувани и во јужноамериканската држава Аргентина, од страна на компанијата Dolar S.A.[9]:


И во самата Македонија, за време на СФРЈ, а и по осамостојувањето, Тутунскиот комбинат Прилeп произведува цигари со називот „Македонија“.



Интересно е тоа што бренд на цигари „Македонија“ (Мазедониа) се појавува во осумнаесетата епизода (The Calculus Affair; ориг. L'Affaire Tournesol) од светски популарниот белгиски стрип „Авантурите на Тинтин“ (The Adventures of Tintin; ориг. Les Aventures de Tintin).[10]




Во 1912 (1920) година во Зевенар  (Zevenaar), Холандија [11][12][13][14], од страна на турскиот трговец со тутун, Kиазим Емин Беј (Kiazim Emin Bey) [11][15] била основана Турско македонската тутунска компанија (Turkish Macedonian Tobacco Company), позната и како „Турмак“ (Turmak) [16].


Компанијата меѓу другите произведувала и повеќе брендови на цигари „Турмак“ (Turmac Bleu, Turmac Bouquet, Turmac Brun, Turmac Nestor, Turmac Orange, Turmac Reginaris, Turmac Rot, Turmac Rouge, Turmac Vert [16], Turmac Orient). Називот „Турмак“ доаѓа од почетните три букви на имињата на Турција и Македонија, земјите од кои што се увезувал тутунот користен за производство на овие цигари. [17][18][19] Набргу по започнувањето на нивното производство,  цигарите „Турмак“ станале доста популарни во Холандија. [20]

Реклами за „Турмак“ - marktplaats

Дел од користените реклами за брендот „Турмак“, а и на некои од кутиите за цигари, биле со слики на убави европски жени, па денес истите претставуваат објект на интерес при истражувањето на феномен на зголемено пушење кај жените по Првата светска војна, во дваесетите и триесетите години од минатиот век. [21]


За време на Втората светска војна, Турско македонската тутунска компанија во Зевенар била бомбардирана три пати [22], а по војната, во педесетите години на минатиот век, го проширила своето произвнодство и во други европски земји.[23] Компанијата имала свои филијали во Белгија, Германија и Швајцарија. [24]


На кутиите на цигарите „Турмак“ произведени во Швајцарија е испишано дека „листовите тутун се одбрани со бескрајна грижа од најпознатите области во Турција и Македонија.“[19]

Галерија од повеќе кутии за цигари „Турмак“

Во шеесетите години од минатиот век биле произведени последните вистински „Турмак“ цигари, по што компанијата започнала потрага по странски партнери [25], за во 1972 година да се спои со „Ротманс Интернационал“ (Rothmans International). [26][27]

Александар Стеванов, објавено на MKD-news.com  „Македонија – било популарен назив на цигари (Фото)

[1] MACEDONIA CIGARETTEN COMP. G.M.B.H.DRESDEN, alte-dosen
[2] MACEDONIA CIGARETTEN COMP. G.M.B.H.DRESDEN, alte-dosen: "German Quality Product without any additions - but being instead made only of fine pure oriental tobaccos in a tasteful blend of best shipments from Macedonia, Bulgaria and Turkey."
[4] Zigarettenfabrik Karl Geissinger KG, Dresden archiv.sachsen:  Auf der Grundlage des Volksentscheids von 1946 wurde die Firma enteignet und 1948 mit der Macedonia GmbH zum VEB Macedonia vereinigt. Weitere Angaben siehe 9. Wirtschaft
[6] zigsam: Macedоnia. Brand got introduced in 1897 by MONOPOLI DI STATO ITALIA and discontinued in 1975
[8] Tobacco brands & Tobacco from Macedonia Macedonian Time Travel
[9] cigarettespedia, Manufacturer Dolar S.A.: Markets: Boxer, Macedonia, Roger, Doral
[10] Adventures Of Tintin - The Calculus Affair, cartoon
[11] British American Tobacco BeNeLux: The history of Rothmans began with the founding of the Turkish Macedonian Tobacco Company (Turmac) in 1912 Zevenaar by the Turkish tobacco merchant Kiazim.
[12] Според tokek belanda  (The Old Turmac Factory, Zevenaar) и liemersverleden (B. Janssen, Th. Keultjes, F. Wienk en G. Willemsen, Onder de rook van Turmac te Zevenaar, Zevenaar, 2005. - Liemers Lantaren van 7 juni 2006) компанијата е основана но не во 1912 година како што стои на сајтот на British American Tobacco BeNeLux, туку во 1920 година: Bey and his Dutch business partner William Carel Buschhammer, a local tobacco merchant, started a new tobacco factory in 1920.
[13] Исто така и според Wikipedia (Zevenaar), компанијата е основана во 1920 година: In 1920, the cigarette factory Turmac came which insured much employment.
[14] Според  zigsam: компанијата која оригинално била во Истанбул, Турција, во 1920 година била пренесена во Зевенар (Zevenaar) Холандија: Turmac.The TURKISH MACEDONIAN TOBACCO COMPANY was originally situated at Turkey's Constantinople. In 1920 it moved to the Netherlands (Zevenaar, Amsterdam) and Greece (Cavalla).
[15] The Old Turmac Factory, Zevenaar: It looked almost like an episode of Scheherazade's 1001 Nights' when the Turk Kiazim Emin Bey arrived at the railway station of Zevenaar, travelling in a private train and surrounded by numerous attendants and cigarette smoking harem ladies. Bey... started a new tobacco factory...
[16] mein-kleiner-rauchsalon, Zigaretten
[17] The Old Turmac Factory, Zevenaar: Bey supplied tobacco from Turkey and Macedonia and that's the reason the factory was named The Turkish Macedonian Tobacco Company, locally better known as the Turmac factory
[18] liemersverleden (B. Janssen, Th. Keultjes, F. Wienk en G. Willemsen, Onder de rook van Turmac te Zevenaar, Zevenaar, 2005. - Liemers Lantaren van 7 juni 2006): Bales of tobacco came from Turkey and Macedonia. Hence the name Macedonian Turkish Tobacco Company or Turmac
[19] Turmac, Macedonian Documents
[20] The Old Turmac Factory, Zevenaar: Soon the Turmac cigarettes became quite famous.
[21] The Turkish Macedonian Tobacco Company, artdecodesignstimes: The woman smoking her cigarette is completely white with purity, removing any associations of her smoking with having questionable morals. The package manages to make her look angelic as she smokes her cigarette. Before the First World War, smoking was associated with the "loose morals" of prostitutes and wayward women. Clever marketers managed to turn this around in the 1920s and 1930s, latching onto women's liberation movements and transforming cigarettes into symbols of women's independence;
The Turkish Macedonian Tobacco Company [1920], Retromk: Жената што ја пуши цигарата е сосема бела и зрачи со чистота, со цел да се отстранат било какви асоцијации околу нејзиниот сомнителен морал. Пакувањето успева да направи таа да изгледа ангелски додека ја пуши својата цигара. Пред Првата Светска Војна, пушењето било поврзувано со „слаб морал“, проституција и женско самоволие.
[22] liemersverleden (B. Janssen, Th. Keultjes, F. Wienk en G. Willemsen, Onder de rook van Turmac te Zevenaar, Zevenaar, 2005. - Liemers Lantaren van 7 juni 2006): A difficult time was the Second War, three times the Turmac was bombed. "In September 1944 with an attack on the station where a stray rocket on Turmac came down," said historian Ben Janssen. "There were two dead and one seriously injured regrettable. On 6 February and 23 March 1945 the factory was bombed again. When was the last time the production building completely in ruins. It was also a director murdered by the Germans, Carel Gersdorf was his name, to him in Zevenaar a street is named "
[23] British Amrican Tobacco BeNeLux: In the fifties the expanded activities of Turmac spread to other European countries
[24] zigsam: They also opened branches at Belgium, Germany and Switzerland.
[25] liemersverleden (B. Janssen, Th. Keultjes, F. Wienk en G. Willemsen, Onder de rook van Turmac te Zevenaar, Zevenaar, 2005. - Liemers Lantaren van 7 juni 2006): In 1960, the last real Turmac-rolled cigarette of the band. Then searched the factory connection with foreign manufacturers...
[26] British Amrican Tobacco BeNeLux: In 1972, Turmac joined Rothmans International.
[27] Според zigsam се споиле не во 1972, туку била купена од Rothmans International во педесетите години на минатит век: In the 1950's it got bought by ROTHMANS.

No comments: