ИВАН КОЗАРОВ - БАЛКАН

Во комунистичката историја македонските деца учеа дека први партизани и борци против фашизмот на Балканскиот полуостров биле Србите. Тоа воопшто не е точно.

Првиот партизан на Балканскиот полуостров е Иван Козаров - Балкан, Македонец од Пиринска Македонија.


На 27 јуни 1941 година, само пет дена по германскиот напад на СССР, Иван Козаров со својот одред се судира со бугарските фашисти во близина на неговото родно село Добриниште (Пиринска Македонија).

Пиринските Македонци тогаш биле дел од Комунистичката партија на Бугарија (БКП), како што партизаните од Вардарска Македонија биле дел од КПЈ.

Иако БКП сметала дека нема услови за борба против фашизмот во Бугарија, Македонците од Пиринот донеле одлука сами да почнат со борба. Водач на Пиринските партизани бил Никола Парапунов.

Српското востание против фашизмот почнува 10 дена подоцна, на 7 јули 1941 со нападот кај Бела Црква.

No comments: