БЕРТРАНДОН ДЕ ЛА БРОКИЕР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

БЕРТРАНДОН ДЕ ЛА БРОКИЕР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

XV в.

Од делото „Патување преку морето“ на Бертрандон де ла Брокиер 652

...И јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград 653 и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Расија 654 и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство...

А има исто така, како што порано кажав, многу христијани кои присилно го служат Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните,655 Расијанците и Србијанците, поданици на деспотот на Расија, и Власите, кои, како што ми е речено, кога би ги виделе христијаните, а особено Французите, во голем број против Турчинот, тие би му нанесле многу штета и би му го свртеле грбот, зашто тој ги држи во тешко ропство.

Бертрандон де ла Брокијер, Путовање преко мора. Београд 1950, стр. 134-135, 140-141.

652 Бертрандон дe ла Брокиер (р. кон крајот на XIV в.) по налог најверојатно на бургундскиот војвода Филип Добри во 1432 г. отпатувал на Блискиот исток, а на враќање поминал и низ Балканот. Подоцна, во времето од 1455- 1457 г. го напишал своето дело „Патување преку морето“ од кое тука се дава изводот што се однесува на Македонија.
653 Мисли на византискиот император Јован VIII Палеолог.
654 Мисли на српскиот деспот Ѓураѓ Бранковиќ. Патописецот за Србија ги употребува и имињата Расија и Рашка.
655 Под Есклавонците (т.е. Склавонците) овде веројатно треба да се подразберат Хрватите, бидејќи Склавонија ги опфаќала: Хрватска, Србија, Захумле и Зета (вид. Б. де ла Брокијер, Путовање преко мора, 166).

No comments: