January 27, 2013

Завет за Македонија

Многумина од нас кога ќе помислиме на Македонија си ја претставуваме како грижовна Мајка. И според една хипотеза за името на Македонија, тоа всушност значи Божица Мајка. Ви претставуваме поштенска картичка на која се гледа како нашите предци ја замислувале Македонија.

Жената со ореол од трња која се гледа на оваа поштенска картичка е всушност персонификација на Македонија - поробена но гордо исправена.

Мажот пак е македонски револуционер кој со меч в рака и дава завет дека ќе ја ослободи од петвековното османлиско ропство.

На картичката се гледа и синџир - симбол на ропството, череп со коски - еден од симболите на ВМРО и борбата за ослободување и рид со три крста - голготата на македонскиот народ.

На задната страна на картичката е испишан текстот: „Завет за Македонија“. Издадена е од Македонскиот младински сојуз од Софија, Бугарија.



No comments: