Најдобриот македонски амбасадор, тутунот

Иако денес не се обрнува многу внимание на ова, факт е дека во минатото македонскиот тутун бил високоценет и сметан за еден од најквалитетните во светот. Меѓу многуте докази за тоа е и напис од 13 октомври 1909 година, објавен во американскиот весник „Кулумбус Џурнал“ (The Columbus journal), како и во уште неколку други весници:

„Кажано е од страна на еден патник дека најдобриот тутун за цигари во светот доаѓа од Македонија, дека најдобриот тутун (кога воопшто се работи за тутунот) во европските цигари доаѓа од Македонија, и дека кога не доаѓа од Македонија лажат дека доаѓаат од таму.“ [1]


Освен за европските цигари, македонскиот тутун се користел и преку Атлантикот, во САД. На реклама за американските цигари „Спар“ (Spur, прев. мамуза)
од 28 ноември 1921 година пишува дека содржеле и македонски тутун за арома.[2]


Според ова не е чудно што и софистицираниот таен агент Џејмс Бонд (James Bond)[3], како и неговиот креатор Иан Флеминг (Ian Fleming), пушеле специјално направени цигари со македонска смеса на тутун, произведени во лондонската продавница „Морландс“ (Morlands).[4]

За светската популарност на македонскиот тутун и за неговиот врвен квалитет, мошне сликовите говори една реклама за цигарите „Абдулас“ (Аbdullas).

„Александар Велики од Македонија плачеше... така оди приказната, бидејќи на возраст од триесет и две немало повеќе светови за освојување. Во негови дни Македонија сè уште не го произведувала амбасадорот кој што сега редовно ги посетува световите за кои што Александар не знаел дека постојат. Амбасадорот за кој што станува збор е македонскиот тутун, најфиниот и најделикатниот во светот.“, пишува на оваа реклама од 1939 година. [5]


Цигарите „Абдулас“, според рекламата, се извезувале во деведесет и четири земји и биле произведувани од прва класа на македонски и турски тутун.

Германската компанија за цигари „Ланде“ (Lande) [6] од Дрезден, како што пишува на пакувањата на повеќе нивни брендови, произведувала висококвалитетни цигари од „вистински турски и македонски тутун“.[7]

Изглед на кутијата на брендот на цигари „Ланде Фир“ (Lande Vier; прев. Ланде четири):


Реклама за цигарите „Ланде Фир“ од 1935 година[7]:


Изглед на кутијата на брендот на цигари  „Ауслезе“ (Auslese) од 1938 година, со десет цигари[8]:


За време на Втората светска војна оваа фабрика била разрушена, а по крајот на војната, во 1946 година повторно почнала со производството на цигари.[6][9]

Традицијата на одгледување тутун во Македонија е задржана и до ден денес. Извозот на ориенталниот тутун од Република Македонија изнесува 3,2 отсто од бруто домашниот производ на државата [10] со што тој продолжува да биде вистински македонски амбасадор во светот.

Александар Стеванов, објавено на MKD-news.com

[1] Најдобриот тутун расте во Македонија, Macedonian Documents
[2] Photo, Macedonian Time Travel
[3] James Bond, The Spy I Loved by Christopher Wood, Macedonian Documents
[4] Цигарите на Џејмс Бонд, Macedonian Documents
[5] Alexander the great of Macedon wept... so the story goes, because at the age of thirty-two he had no more worlds to conquer. In his day, Macedonia had not yet produced that ambassador who now regularly visits worlds which Alexander never knew existed. The ambassador in question is Macedonian tobacco, the finest and most delicate in the world...
[6] Zigarettenfabrik Karl Geissinger KG, Dresden archiv.sachsen: Das Unternehmen wurde 1897 von Wilhelm Lande in Halberstadt gegründet, siedelte aber schon 1900 nach Dresden um. Ab 1906 entwickelte sich der Handarbeitsbetrieb zu einem maschinell produzierenden Großbetrieb, der u. a. die Marke MOKRI fertigte. Die Firma W. Lande, Cigaretten und Tabak-Fabrik wurde nach Besitzerwechsel 1933 in eine GmbH umgewandelt. 1942 entstand daraus die Karl Geissinger KG, benannt nach dem damaligen Firmenleiter. 1945 wurden die Fabrikationsanlagen zerstört. 1946 lief die Zigarettenproduktion in Dresden wieder an. Auf der Grundlage des Volksentscheids von 1946 wurde die Firma enteignet und 1948 mit der Macedonia GmbH zum VEB Macedonia vereinigt. Weitere Angaben siehe 9. Wirtschaft
[7] Tobacco brands & Tobacco from Macedonia Macedonian Time Travel
[8] zigsam Auslese
[9] dresdner-stadtteile: Firma Lande: Das Unternehmen wurde vom jüdischen Zigarettenproduzenten Wilhelm Lande in Halberstadt gegründet und war ab 1900 auf der Laubestraße in Striesen ansässig. 1932 entstand ein moderner Neubau an der Junghansstraße, in dem zur Blütezeit über 600 Arbeiter beschäftigt waren. Mit Machtantritt der Nazis geriet Lande unter Druck und wurde wegen seiner Herkunft boykottiert. Um weiteren Repressionen zu entgehen, verkaufte Wilhelm Lande seine Firma und emigrierte in die USA. Auch unter Regie des neuen Besitzers wurde der werbewirksame Firmenname beibehalten. Nach dem Zweiten Weltkrieg kam das Unternehmen in Staatsbesitz und gehörte ab 1959 zum VEB Vereinigte Zigarettenfabriken Dresden.
[10] Откупени над 20.000 тони тутун досега, ПлусИнфо (05.01.2013 14:42): Околу 22 отсто од земјоделците се посветени на одгледување на нашиот ориентален тутун, чиј извоз претставува 3,2 отсто од бруто домашниот производ на државата - објасни Коњановски.

No comments: