УБАВЦИ И УБАВИЦИ ОБЛЕЧЕНИ ВО ИЗВОНРЕДНИ СВЕЧЕНИ НОСИИ

4596 – УБАВЦИ И УБАВИЦИ ОБЛЕЧЕНИ ВО ИЗВОНРЕДНИ СВЕЧЕНИ НОСИИ ОД НИВНОТО СЕЛЦЕ ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Толку е големо влијанието на Западот во Балканските земји што во последните три декади многу забележителни недоследности во женскиот свет на модата беа заменети со многу поедноставни и помодерни облеки. Жените од средните и пониските слоеви беа истотака зафатени и не така малку од старовремските национални носии исчезнаа под налетот на Западните стилови. Како и да е, во многу оддалечени области популарните носии сè уште се одржуваат и, како што е случај со овие староседелци од мало селце во околината на Крушево, можат да бидат видени во целата своја извонредна убавина и традиционална оригиналност.



ОБЈАВЕНО ВО КНИГАТА „PEOPLES OF ALL NATIONS“ ОД 1924 ГОДИНА НА АВТОРОТ JOHN ALEXANDER HAMMERTON

ФОТОГРАФИЈА:  L. G. Popoff

ПРЕВОД:  Биљана Куновска (Македонска Ризница, бр. 4)

No comments: