Тодор Павлов за Гоце Делчев

„Гоце Делчев можеме слободно да го сметаме за основач на Македонскиот Народноослободителен Фронт кој во нашето време успеа да ја воспостави слободната и суверена Македонска Држава, која слободно и самостојно се определи да стане рамноправна република во Титова Федеративна Југославија. Гоце со целата своја револуционерна активност и мисла силно придонесе за основањето и развојот на македонската национална свест, македонска, а не бугарска или српска. Во едно од неговите писма Гоце напишал: „Како не се најде од мајка роден да напише барем една книга на македонски јазик“. Да беше Гоце сега жив, ќе му се наполнеше срцето да види дека денеска во Македонија се печатат многу книги, не само поезија, и не само историски книги напишани на литературен македонски јазик. Овој чин, пренесувањето на останките на Гоце Делчев во новата слободна престолнина на Македонската Држава ќе биде од огромно историско и симболично значење, зашто ќе помине низ Пиринска Македонија. Македонија може, треба, и ќе биде обединета во нејзините природни и историски граници. Така обединета, силна, еманципирана, суверена и во секоја смисла прогресивна, ќе стане моќна алка која ќе ги спојува балканските демократски народи. Да живее слободна, суверена, Народна Република Македонија, сонот на нејзиниот бессмртен син Гоце Делчев.“ - дел од говорот на Тодор Павлов, член на Бугарската Академија и регент на Бугарија, по повод испраќањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија за Скопје, 7 октомври 1946 година.

No comments: