December 3, 2012

Невестата на изворот

Почитуван обичај забележан за време на свадба во македонско село. Мнозинството христијани од Западна Македонија припаѓаат на Источната Православна Црква и се верници на Грчката Патријаршија; но меѓу различните заедници црковните празнувања се измешани со стари пагански верувања и адети.


Кај формалностите за венчавање родовите обичаи играат важна улога; еден старински ритуал е и придружувањето на невестата до блискиот кладенец или извор, каде таа изведува древна церемонија на умилостување на речната самовила – русалка со фрлање на кована пара во него. Потоа младата мажена жена црпи малку вода, која ја носи дома и налева дел од течноста врз рацете на нејзиниот сопруг.

4602
ОБЈАВЕНО ВО КНИГАТА „PEOPLES OF ALL NATIONS“ ОД 1924 ГОДИНА НА АВТОРОТ JOHN ALEXANDER HAMMERTON
ФОТОГРАФИЈА: L.G. Popoff 

ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ: Биљана Куновска

Објавено во Македонска Ризница, број 3

No comments: