Митови или реалност

Во статијата „Отоманските корени на Македонците“, објавена во Глобус, на 12.01.2010 година, авторот Анастас Вангели, за Македонија за време на османлискиот период тврди:

„Перцепцијата на овој период е испреплетена со митови и авто-виктимизација (лошите Турци и добрите поробени рисјани) под влијание како на националистичкиот сентимент и потребата за морално издигнување на национализмот (митовите за „истрајноста” и „вербата”), но и од комунистичкиот мит за опресираниот народ и народното ослободување против Империјата.“

Ајде да видиме колку страдањето на македонското население за време на османлискиот период е мит. Во весникот The North Western Advocate and the Emu Bay Times, од 10 февруари, 1903 година (стр 2) пишува:

„Несреќна Македонија. Лондон, 7 Февруари - бегалците од 36 македонски села соопштуваат за ужасни приказни за измачување, ограбувања, насилство како резултат на турското владеење.

Ваквите несреќни случувања за Македонците се потврдени и во австралискиот весник The Advertiser (стр. 5) во статија од 14 јануари 1897 година со наслов „Македонија, турски ѕверства“ (Macedonia. Turkish atrocities):


„Сè уште пристигнуваат извештаи за распространетост на немирите во Македонија. Турски војници опустошуваат села и брутално извршуваат срамни дела на лица од двата пола и сите возрасти.“

Во статијата „Отоманските корени на Македонците“, Вангели понатаму пишува:

„Понатаму, парадигматски случај за виктимизирачко претставувањето на отоманскиот период (еден вид индоктринација) во македонскиот контекст се веројатно училишните историски лекции за „турското ропство”, но и лектирите, со кои во контакт стапуваат уште учениците во основното обрзование. Тука првенствено мислам на „Македонска крвава свадба” на Војдан Чернодрински (која е дополнително вреднувана заради тоа што е „првото драмско дело напишано на македонски јазик”), и „Калеш Анѓа” на Стале Попов, новела која речиси и нема човек чија фабула не ја знае (а која е дополнително вреднувана поради нејзината наводна „документаристичка” вредност, бар во учебниците по македонски јазик и литература). Во обете дела (инаку интересни за разгледување и од родов аспект, што сепак е надвор од темата сепак), приказната говори за мирните и подобни селани чијашто добробит е загрозена од самоволието на отоманската власт.“

За потврда на самоволието на отоманската власт, кое што за Вангели е само дел од митологијата за овој период, покрај претходно споменатите статии ќе се послужам со еден извадок од  весникот Colonist (Volume XLV, Issue 10542), од 17 октомври 1902 година (стр. 3):

"Six hundred Macedonian women and children have crossed the Bulgarian frontier. They report that the Turkish troops have destroyed several Christan villages, massacring the inhabitants, and desecrating and burning the church at Serbihov."

Превод:

„Шест илјади македонски жени и деца ја преминаа бугарската граница. Тие соопштуваат дека турските трупи уништиле неколку христијански села, масакрирајќи го населението и ја осквернавеа и запалија црквата во Сербихов.“

Дури и Даме Груев, апелира до Хилми Паша, да ги превенира  врварските напади врз недолжното христијанско население. Ова е пренесено во статијата "Entire Population of Armenst and Velesi Annihilated", објавена во весникот New York Times на 2 септември, 1903 година:

"At the Village of Armensi, after a day's fighting, the Turkish troops in the night massacred the entire population of 180 men and 200 women. The Turks have also massacred the inhabitants of the Village of Velesi. It is reported that Hilml Pacha, the Inspector General for Macedonia, fears to leave his headquarters at Monastir. The Insurgent leader, Grueff, in a letter to Hilmi Pacha demanded that he prevent the barbarous acts of the Turkish soldiers and Bashi-Bazouks."

Понатаму авторот на „Отоманските корени на Македонците“ тврди:

„Особено впечатливи се гротескните дијалози помеѓу бегот и оџата во драмата на Чернодрински – во кои тие заговараат убиства („од чист ќејф”) и друг вид на опресија против месното население. Ако се земе в предвид дека целата драма е сместена во доцниот 19. и почетокот на 20. век, јасно се гледа дека таквото претерување на Отоманците е сосем пристрасно – затоа што таа фаза на Империјата е фаза на неколкукратни обиди за реформирање на системот и меѓудругото, за подобрување на статусот на рајата.“

Вангели убаво вели дека имало обиди за реформирање на системот. Дa, поради надворешен притисок обиди имало, но тие обиди не биле успешни. Реформите не биле доволни за подобрување на ситуацијата на македонското насление, следователно неговото тврдење за наводно претерување и пристрасност е неосновано.

Еве како овие реформи се прикажани во весникот Българан (број 47), од 27 февруари 1905 година (слика лево):

„Неговото Императорско Величество, Султанот по повод карневал, маскиран како Европеец.
Колку што му прилега костумот, толку и реформите ќе бидат приложени.“

Наместо јас да го давам одговорот на прашањето за успешноста на реформите (и околу авто-виктимизацијата), ќе приложам извадоци од статии од весници од тој период.

Еве што за успешноста на реформите пишува во статија со наслов "Turks still slaying inoffensive villager" објавена во The New York Times на 1 октомври 1905 година:

„Austria and Russia received the mandate to reform the country two yеаrѕ ago. The gendarmerie officers admit their inability to protect the population, and several of them told me they had so reported to their Governments. The Macedonians have no hope left.“

Во истиот весник се спомнати и некои ѕверства вршени над Македонците:

"The wanton slaughter of Christians in Macedonia continues under the eyes of Europe's representatives. Crossing: the Bulgarian border, the first news to greet me was of an unpardonable massacre in the little village of Konopnitza, which occurred three days before my arrival. On visiting the village, I found the bodies of a man, two women, a girl, and three children still unburied and laid out in the Christian Church. The women had been shot, but I saw one child whose head had been crushed, probably with the butt of a gun"

Во својата статија, Вангели уште тврди и дека бруталните потурчувања не се историски потврдени:

„Во двете приказни, исто така, се говори за брутално „потурчување”, иако објективните историографски белешки говорат дека најголем број од случаите на конверзија во Империјата, биле на доброволна основа.“

Ајде да видиме и колку потурчувањата не биле насилни и колку објективните историографски белешки се објективни. Во весникот The St. Louis Republic, од 5 април 1903 пишува:

„Тетовираниот крст ги штити жените. Жените христијанки од Македонија, означени со крст меѓу очите.“

Според статијата крстот го тетовирале на „девојчињата кога ќе покажеле знаци на зрелост или на исклучителна убавина, за да се спречи нивното грабање од страна на Турците.“

Во оваа статија јасно е посочено дека крстот ги спречувал Турците да ги грабнуваат македонските девојки, односно индиректно сведочи дека насилни грабнувања имало.

Во една друга статија со наслов „Македонски бегалци“ (Macedonian refugees), од илустрираниот додаток на американскиот весник New-York tribune (стр. 5), од 5 април 1903 година.(стр. 9) пишува за практиката на грабнување на мали девојчиња од страна на Турците:

„Многу од нив (македонските жени) биле полудени од неправдите кои им биле извршени. Некои од овие ужаси се неопишливи. Било вообичаено во една провинција да се крадат млади христијански девојчиња за харемите на турските управители и другите претставници. Штом женските деца ќе почнеле да се развиваат во жени, мал крст бил тетовиран помеѓу нивните очи. Крстот ги спасувал овие девојчиња од харемите.“

Каква е вистината за Македонија, односно Македонците, за време на османлискиот период, заклучете самите.

No comments: