November 25, 2012

Помирување на Јеген паша со Султанот

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

ПОМИРУВАЊЕТО НА ЈЕГЕН ПАША СО СУЛТАНОТ

Додека Јеген паша ограбуваше и беснееше, приликитe во турското царство мошне се изменија.
Новиот султан Сулејман II мошне бргу успеа да ги придобие симпатиите на своите команданти и соработници, меѓу кои беше и Мустафа Ќуприли, кој уживаше целосна поддршка на новиот султан, кој подоцна го наименува за голем везир. Ќуприли со своите реформи успеа одново да го врати угледот и престижот на турската војска. Со укинување на извесни намети и со заведување на посовремена даночна политика, успеа на индиректен начин да го искорени ајдуштвото кое во најголем број случаи наидуваше на оправдување во неиздржливиот товар на разни намети и терор на одделни локални управници.

Новиот султан Сулејман II, зацврстувајќи се на престолот, почна да се подготвува за нова војна против Австрија. Лично самиот султан Сулејман II се стави на чело на армијата. На 25 април 1689 година тој пристигна во воениот логор во Едрене, а веќе на 6 јуни јаничарските единици тргнаа кон Софија, додека султанот со својата свита пристига на 26 јуни 1689 година.

Во новоформираната армија беа понудени високи функции и ветени големи награди на одметнатите бегови и големодостојници кои му пришле на Јеген паша. Еден по друг почнале да ги прифаќаат понудените функции напуштајќи го Јеген паша, кој одново останува осамен.

Во знак на помируваке, султанот Сулејмаи II исто така, и на Јеген паша му понуди команда над цела Србија и Босна и лично со таа понуда му упати и свое писмо. Оваа ласкава понула Јеген паша мошне радо ја прифати и веднаш потоа почна да собира војска за освојување на Белград, што Турците го загубија во септември 1688 година. Освојувањето на Белград му беше поверено на Сераскер Арап Реџап паша, и му беа приклучени, меѓу другите и единиците на Јеген паша како и на кримскиот кан Селим Гирај, на кого многу се сметаше во турскиот штаб. Кримскиот кан на почетокот беше спречен со борбите што ги водеше со рускокозачките сили, кои го нападнаа татарски Крим, а потоа откако се разболе, не можеше веднаш да ја изврши султановата наредба да се приклучи кон главнината на турската армија на Балканскнот Полуосгров. Со одлагањето на доаѓањето на кримските татари на канот Селим Гирај, на кои многу се полагаше, турските сили беа мошне ослабени.

Под влијание на околностите во тој процес и австриските сили беа мошне ослабени. Имено, од февруари 1689 година Австрија мораше да води „двојна војна“, зашто покрај војната со Турција, Австрија беше во војна и со Франција.

Во меѓувреме, ситуацијата се измени во полза на Турција. Русија беше поразена при нападот на Крим. Татарите, по успешно одбиениот напад на руско-козачките сили на Крим, можеа да дојдат на Балканскнот фронт против главниот турски непријател — Австрија.

Во моментот кога султанот Сулејман II ја започна офанзивата на Балканот, австрискиот цар Леополд I мораше да повлече добар дел од своите трупи од Балканот, за да ги упати истите против францускнот крал Луј XIV кој упаднал во Германија, а која беше во состав на австриското царство. Во тој период за нов командант на австриската војска на Балканот беше наименуван Марк-граф Баденски, на кого австрискиот цар му нареди да го разбие непријателот јужно од Белград: да го освои Ниш и потоа да се обиде да избие на Јадранско Море.

Се сметаше дека со тоа Босна ќе биде опколена и лесно ќе падне во рацетс на Австријците. Во моментот на свосто наименување за главен командант на Балканскиот фронт Маркграф Лудвиг Баденски имаше само 24 илјади војници, поради што по доаѓањето во Белград на 9 јуни 1689 година остана да почека засилување од Горна Унгарија, Трансилванија и Хрватска. (Корпусот на Пиколомини).

За тоа време — во текот на јули — август 1689 година — на Сераскер Реџеп паша непрекинато му се упатувани засилувања од Софија, при што му беше додадена и војската на Јеген паша, кој веќе се помири со султанот. Во тој момент Реџеп паша под своја команда имаше над 50 илјади луѓе. Проценувајќи ги силите на Австријците, не се впушти во борба, туку својот напад врз Австријците го одлагаше од ден во ден во очекување на нови засилувања, крстосувајќи низ Србија, додека неговите одреди ја пустошеа земјата ограбувајќи и убивајќи. Јеген паша кога со својата војска тргна кон Белград и веќе пристигна близу до Белград на големо изненадување на другите команданти и на самиот султан, едноставно го напушти фронтот и побегна во Смедерево, а потоа се повлече кон Ниш, ограбувајќи сè од ред — не се обѕираше дали се тоа христијани или муслимани. Од Ниш преку Пирот се упати во Софија каде што војската, верна на султанот, го пречека како предавник.

Дознавајќи дека султанот против него ги упатил своите најверни јаничари, кои добиле задача пред да стигнат на фронтот против Австрија, да го ликвидираат Јеген паша и да ја исчистат заднината од неговите одметници, заплашен од таа вест се повлече преку Кустендил кон Скопје, со намера да го заземе и на ајдучкн начин да се брани од султановата војска. Но, на негова голема жалост, кога беше на дофат на Скопје, дозна дека Скопје е во рацете на султановата војска. За да го избегне судирот со него, побегна на Косово и се засолни кај својот побратим Махмуд бег, кој единствено му остана верен. Со поддршка на Махмуд бег успеа да се утврди на Ново Брдо, од каде што ги продолжи своите ограбувачки акции во ајдучки стил, напаѓајќи ги трговските каравани и патниците кон минувале од таму.

Искорнстувајќи ја несредената состојба во турската војска, но бегството на Јеген паша од фронтот, Маркграф Баденски на 13 август 1689 година тргна кон Ниш. Во битката кај Граховац тој ја победи турската војска — коњицата, а на 30 август кај Баточина ја разби огромната војска и на самиот Сераскср Реџеп паша. Турската војска, иако помногубројна и многу понадмоќна, беше наполно деморализирана и почна да се повлекува кон Крушевац, Алексинац и Ниш. Значителен број од турската војска дезертира, откако претходно го ограби својот сопствен логор пред да падне во рацете на Австријците.

Со своите акции и постапки Јеген паша во заднината на турската војска создаваше збрки и забуни, што го олеснуваше напредувањето на Австријците и јакнењето на ајдучките акции.

Султанот Сулејман, добивајќи поразни извештаи од фронтот, како и за акциите на Јеген паша кои се закануваа да го предизвикаат општо распаѓање, нареди да се преземат итни мерки — Јеген паша да се ликвидира по секоја цена. Со таа намера за командант на скопската област беше наименуван познатиот Арап Реџеп паша. Јегеп паша беше прогласен за противннк на „светата вера“ и против него беше поведена „света војна“ (нефирием).

Бегајќи пред војската на Арап паша, Јеген паша почна да се крие во планините, од каде што успеа да се префрли преку Галичник и да се улогори во околнната на Охрид — далеку од правецот на движењето на турската војска, која одеше на фронт против Австријците. Пристигнувајќи во Охрид, прва акција му беше да ја ограби Охридската архиепископија.

Продолжува

No comments: