Создавање и активноста на ВМРО до Илинденското востание 10. дел

Иван Катарџиев


ОБИД ЗА РАЗБИВАЊЕ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНОТО ДВИЖЕЊЕ

Брзиот развој на револуционерното движење, успесите што ги постигна тоа во опфаќањето на народните маси, во подигнувањето на духот на обесправениот роб, во издигањето на неговата самосвест, не можеше да не се почувствува. Тоа прва го почувствува турската власт. Таа наскоро забележа дека нешто се менува не само во психологијата, туку и во држењето на рајата. Сето тоа влијаеше да излезе на видело грижливо чуваната тајна за постоењето на Организацијата.


Настојувањето да се избегнуваат судирања со органите на турската власт не можеше многу да помогне. Колку повеќе растеше силата на Организацијата, толку почесто доаѓаше до судирања, а тоа од своја страна водеше кон откривање поедикци, групи и организации, што често имаше тешки последици за револуционерното движење. Првата провала, која го дигна превезот на тајната за ТМОРО, стана во Битола во 1895 година, кога во вреќите на кирајџијата Доне Стојанов беа откриени бомби, пренесувани од Штип за Битола.

Турската власт употреби најдрастични средства за да го открие изворот на заговорот, но не успеа во тоа. Тврдоста на Доне беше нескршлива. Тој стана пример на револуционерна преданост и цврстина. До поопределени сознанија за Организацијата османлиската власт дојде во 1897 година, во Радовишко, кога откри складирано оружје. Тогаш беа затворени 128 луѓе. До уште поголеми сознанија за револуционерната Организација власта дојде при предавството во Виница, со што на движењето му беше нанесен и првиот посериозен удар. Откритијата, до кои дојде власта во Виница, брзо се проширија на целиот Скопски револуционерен округ. Последиците од оваа провала беа извонредно тешки.

По Виничката провала, к о ја даде податоци за големината и димензиите на Организацијата, турската власт настојуваше игго повеќе да ја открие мрежата н а движењето и систематски да ја уништува. Таа успеа да направи повеќе пробиви во Организацијата. Од 1899 до 1903 година беа направени околу 20 провали. Од сите нив со најтешки последици беа Битолската во 1900 и Солунската во 1901 година. Во првата беше фатен и затворен Даме Груев, а Солунската афера доведе до затворање скоро на целиот состав на ЦК, и што е уште потрагично, ова овозможи тајните на Организацијата да се најдат во рацете на врховистот Иван Гарванов. Овој момент имаше далекусежни последици, бидејќи доведе и до прераното дигање на Илинденското востание. Провалите му нанесоа тешки удари на делото на Револуцијата. Меѓутоа, во исто време тие беа и знак за шириката и силата на револуционерното движење. Честите провали во разни делови на Македонија говореа дека во земјата постои моќна револуционерна Организација. И покрај тешките последици, тие ја афирмираа борбата на македонскиот народ пред светската јавност.

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека]   

No comments: