МАКЕДОНСКА ИГРА НАЛИК НА ХОКЕЈ

На фотографијава од 1935 година, може да се видат четири Македончиња како ја играат овчарската игра Бишка, која неверојатно многу потсетува на спортот хокеј на трева.


Бишка се играла со малку закривени во долниот крај долги стапови со кои што се удирала камената плочка која што може да се смета за еквивалент на хокеарскиот пак.

Играта била распространета во повеќе краеви на Македонија и карактеристично е тоа што на различни места имала различен назив.

Па така како бишка е позната во струмичко, кочанско, виничко и радовишко; свињушка во кумановско; котка во ресенско; клиска во крушевско итн.

Зоранчо Гриовски и Александар Стеванов, објавено во Македонска Ризница, бр. 2

No comments: