September 17, 2012

Eмирот на Катар за Македонија

Цитат за Македонија од Eмирот на Катар шеик Хамад бин Калифа ал Тани:

И ние ги споделуваме истите ставови и принципи со Вашата земја, која во својата химна и со сонцето на знамето и пее на слободата за постојаните напори на вашиот народ за постигнување на своите права за слобода и суверенитет. Деновиве нашиот арапски свет исто така пее за слободата на сонцето и тој е во прагот на еден нов период на својата историја. Ние се надеваме дека ова ќе го внесе арапскиот свет во пошироки хоризонти на инвенции, развој, продуктивност и праведно владеење.

Вашата земја, благодарение на положбата што ја има, е лулка на најстарите цивилизации во светот, кои се вкоренети во длабоката историја на Вашата земја, што и даваат можност да има активна улога во светската сцена. Оваа цивилизација е сведок за длабоката испреплетена култура, која ги сочувала верските објекти и центрите на уметноста, поезијата и мудроста. Најдобар аргумент за тоа се светско познатите и признатите имиња, кои се родија токму тука во Скопје, како што се турскиот класичен поет Јахја Кемал Бејатли и Мајка Тереза.

No comments: