Александар Велики - Вавилонија...

Освојувањето на Вавилонија, Персида и Медија

По ова во истата година, Александар го окупирал градот Вавилон, а и целата провинција Вавилонија. Мазеј кој се борел од страната на Дариј во битката кај Гавгамела, мудро се предал и бил поставен за сатрап, но воената власт била под македонски командант. На Мазеј дури и му било дозволено да кова пари. Александар останал таму еден месец, а потоа отишол во главниот град на Елам, Суса, кој што веќе бил покорен од Филоксен.



















Entrée d'Alexandre à Babylone; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre, D.A.G.

















Entrée d'Alexandre le Grand dans Babylone ou Le triomphe d'Alexandre; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre

Во овој град биле запленети 50 000 златни таланти. Потоа тргнале кон исток, поминале преку планината Заргос и со помош на еден сатрап навлегле во Персида. Иако теренот бил обраснат со шума, војската на Александар сепак ги освоила Персеполис и Пасаргада во покраината Персида во 331 година пне. Во Персеполис заплениле околу 50 000 таланти, а за транспорт на останатите запленети предмети употребиле 10 000 маски и 5 000 камили.

Еднаш Александар присуствувал на една пијанка и наговорен од Таида, а и малку поднапиен во знак на одмаздата врз Ксеркс кој што некогаш ја запалил Атина, ја запалил неговата палата. Како и да е тој набргу се покајал и палатата била изгасната.
Во пролетта 330 походот продолжил кон север, кон Медија, при што бил окупиран и главниот град Ектабана. Пред да ја продолжи потрагата по Дариј, богатството му го доверил на Харпал, кого го именувал за главен ризничар во Ектабана.

Бидејќи Александар бил дарежлив и ги опсипувал војниците со разни нешта, тие станале мрзеливи и наместо да се борат повеќе сакале да уживаат во раскошниот живот. Ова многу го налутило Александар и покрај тоа што многу ги советувал, а и со самопожртвуваност и челичење на телото им докажувал дека е поважно да се биде силен одошто да се живее во раскош. Затоа што и Персија ја освоиле на тој начин, а Персијците пак загубиле затоа што премногу му се препуштиле на раскошот кој што им напакостил.

Кога Александар слушнал дека Бесо го заробил Дариј, Тесалијците и останатиот дел од војската на Елинските држави ги пратил назад во Елада со што почнал да води лична војна. Со назначувањето на Мазеј за сатрап тој ја изменил филозофијата за својата држава и сега ја базирал врз еднаквоста на сите луѓе. Потрагата по Дариј била мачна и исцрпувачка. За единаесет дни Александар со дел од својата македонска војска морал да помине околу 3 300 километри. Неговата војска, а и тој самиот биле преморени од патот и од сувото време. Кога некои патници му понудиле вода тој одбил затоа што така ќе им го скршел моралот на другите војници.

Конечно на видикот се појавила Персиска војска. Тие биле убедени дека со нив е и Дариј, но додека Александар и останатите од неговата придружба ги бркале Персијците, Полистрат го забележал него како лежи во една кола целиот прободен со стрели. Откако се напил вода и откако се созел, му рекол на Полистрат дека поголема несреќа од оваа, оти не ќе може да му се заблагодари на Александар за добротата што ја покажал кон неговото семејство, не можела да го снајде. Пред да дојде Александар, тој испуштил душа.

Кога Александар стигнал до мртвото тело на Дариј го покрил, а потоа ја викнал мајка му и брат му Ексатар, кој му станал доживотен пријател на Александар. Потоа бил направен величествен закоп.




















Triomphe d'Alexandre le Grand; Moreau Gustave (1826-1898); Paris, musée Gustave Moreau


По смртта на Дариј, Александар се прогласил за господар на Азија т.е. на Персија во 330 година пне.

No comments: