Гоце Делчев - 3

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ - Ванѓа Чашуле

Bo низа градови на Македонија: Солун, Битола, Охрид, Штип самостојно се формираат револуционерни групи и кружоци уште во осумдесетите години на минатиот век. Во 1891 година Даме Груев и Лука Џеров организираа во Битола комитет што го именуваат „Учителски сојуз“, привлекувајќи во него и учители од селата. Такви комитети се создаваат и по иницијатива од Ѓорче Петров. Во 1893 година во Солун се создава исто така комитет кој го сочинуваат: Даме Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџиниколов. Во првите денови на јануари 1894 година истава група луѓе се состануваат и решаваат да донесат правилник — устав на организацијата, создаваат Централен комитет за чиј претседател го избираат д-р Христо Татарчев, а за секретар Даме Груев. Во летото на истата година, ползувајќи го училишниот распуст, тие ја прошируваат организацијата и во низа други места (Ресен, Прилеп, Кукушко и Штипско) и одржуваат проширен состанок на Централниот комитет во Ресен на кој, освен шестмината членови на ЦК, присуствуваат и Пере Тошев, Анастас Лозанчев и Чакаров. Заседанијата продолжуваат три дена и на нив се донесуваат решенија за идната работа на Организацијата. Се донесуваат исто така мошне важни практични решенија: Организацијата да постави свои луѓе во сите училишта, да ги земе во свои раце егзархиските и училишните настојателства, а за првпат се дискутира и за снабдување со оружје. На овој состанок е усвоено главниот град на Македонија — Солун да биде центарот на револуционерното движење, а солунскиот комитет се признава за централен. По состанокот во Ресен, во низа градови на Македонија како што се Солун, Штип, Кавадарци, Битола, Прилеп и Охрид расте бројох на членовите на Организацијата, во гимназиите се создаваат револуционерни групи од учители и ученици. Но работата сè уште се одвива без јасна и одредена докрај програма, врските меѓу оддедни комитети и организации се одвиваат на другарски начела, а не врз база на една поцврста организациона дисциплина, дури ни уставот што е создаден во 1894 година не е прифатен од мнозинството, бидејќи неговите рамки се мошне тесно поставени што е инаку карактеристично за тие први чекори на организираност, а останува негибнато и селото и тоа во една предимно селанска земја каква што беше Македонија во тоа време.


Гоце Делчев не знае ништо за овие работи. Се чини дека тој, наоѓајќи се зад касарнските ѕидишта на софиското воено училиште, е надвор од нив. Но Гоце самиот доаѓа до истата идеја за неопходноста од создавање револуционерна организација и тоа организација што ќе го опфати целиот народ. Генијалноста на Гоце, неговиот најголем придонес во револуционерното дело на македонскиот народ, она што ќе го направи неговото име да стане симбол на борбата за слобода, е токму во тоа што тој согледува дека во тоа време, во тогашните општествено-историски услови во Македонија, селанството е материјалната сила која од Оргаганизацијата треба да се издигне и оспособи за да се влее во револуционерното дело. Селаните — тоа е за Гоце народот македонски кој треба да се просвети, организира и оспособи за идната револудија, да стане господар на својата судбина, творец на својата иднина.

„Нашата ропска положба во Македонија определува јасно што да правам“, му зборува Гоце на својот неразделен другар и сограѓанин Туше Делииванов, кога му го соопштува решението на Военото училиште со кое му се одзема правото на офицерски чин како на социјалист. „Непростливо е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме и тегнеме и да чекаме други да не ослободуваат“. „Да остане тука и да се оддаде на љубов и пијанство кога знае во каква несреќна и унижувачка положба се поставени нашите браќа? He, тој не може да си го дозволи тоа. Тој ќе отиде во Македонија и ќе се оддаде на револуционерна дејност, организирајќи го населението за борба против угнетувачите. Тој веќе на три четири места беше подал молба за учител во Македонија и сега чека одговор“, пишува Т. Делииванов за овој разговор со Гоцета.

По десетина дена од оваа средба Гоце и Туше Делииванов, кој под влијание на Гоцета и самиот поднесува молба за учител, добиваат одговор — Делииванов е назначен од Егзархијаха, а Гоце од штипското Настојателство. Едниот за учител во Штип, а другиот во штипско Ново Село.

Во Штип ги пречекува главниот учител во општинското трикласно училиште Дамјан Груев, за кого егзархискиот владика Максим, кој поради расправиите со својата скопска паства што се беа изостриле, се беше засолнил привремено во Штип, не сака да даде согласност да стане главен учител иако училиштето е чисто општинско, а не егзархиско.

Продолжува

[Конвертирање: Macedonian Documents; скен: Македонска Библиотека

No comments: