Александар Велики - поход

Почетокот на походот кон Азија

Во пролетта 334 година пне, Александар ги преминал Дарданелите, со што го започнал навлегувањето во Азија. Како свој намесник во Европа, Александар го оставил Антипатер, со војска од над 13 000 луѓе.

Александровата војска пак броела 30 000 војници пешадија и 5 000 коњаници. Втор заповедник на војската по Александар бил Парменион. Бидејки во кралската каса немало доволно пари, Александар на некои од војниците им давал земја, на некои приходите од населбите, а на други пак пристаништата. Кога Александар ги раздал скоро сите кралски имоти, Пердика (македонски генерал) го запрашал што ќе остави за себе. Тогаш кралот Александар рекол дека за себе ги остава надежите, на што Пердика рекол дека тие надежи ќе мора да ги дели со оние со кои што тргнал во поход и го одбил имотот. По примерот на Пердика постапиле и неколку други војници на што Александар не се противел, но на оние кои што барале подароци, тој од срце им давал. Кога пристигнале во старата Троја, Александар им принел жртви на паднатите борци, а и на Ахил, чијшто штит го понел со себе.
















Alexandre visitant le tombeau d'Achille; Guglielmi Gregorio (1714-1773); Paris, musée du Louvre, D.A.G.


















Alexandre au tombeau d'Achille; Blanchet Thomas (1614/1617-1689); Paris, musée du Louvre

Alexandre au tombeau d'Achille; Lecomte du Noüy Jean Jules Antoine (1842-1923), Vizzavona François Antoine (1876-1961); Paris, agence photo RMN, fonds Druet-Vizzavona

Додека Александар бил во Троја, Персијците на чело со Дариј испланирале напад како да го пресретнат на реката Граник (денешен Кочабаш). Многу Македонци уплашени од длабочините на реката му велеле на Александар да се врати назад, но тој не ги послушал. Во битката која се одиграла кај Граник во мај/јуни 334 година пне, Александар се соочил со персиската армија водена од тројца сатрапи. Планот на Персијците за малку не успеал и Александар едвај спасил жива глава. Тој со помош на "Мрачниот" Клито, заповедник на пешадијата, успеал да се спаси. Персијците, спротивно од очекувањата, не дале силен отпор, туку се разбегале. Само една мала група персиски војници, се качиле на едно ритче од каде што барале да се предадат, но Александар да им вети дека ќе ги поштеди. Александар воден од својот бес не ја послушал нивната молба, туку почнал да се бие со нив при што, му го убиле коњот. Тој коњ не бил Букефал, ами некој друг.












Le passage du Granique; Le Brun Charles (1619-1690); Paris, musée du Louvre

Кога завршила битката од страната на поразените Персијци, загинати имало 20 000 пешадија и 2 500 коњаници. Оние кои биле заробени, 2 000, биле испратени во Македонија оковани во синџири. Македонската војска пак имала само 34 загинати.

По оваа голема победа на Александар и македонската војска, движејќи се од север кон југ, речиси без битка, покорени биле многу приморски градови, вклучувајќи го таму и градот Сард. Само Милет и Халикарнас во Карија се спротивставиле. Александар не сакал да се бори на море, па затоа ја распуштил својата морнарица и изјавил дека на копно ќе ги победи персиските бродови. Милет бил охрабруван од персиската власт, но и покрај тоа Александар за кратко време и само со копнена војска го освоил. Истото го снашло и Халикарнас. Тамошниот сатрап Пиксодар бил избркан, а неговата сестра Ада, го посинила Александар, со што била наметната македонската власт. Таа многу го засакала и често му праќала разни јадења, но како што Леонид го научил, Александар не уживал многу во јадењето. Леонид дури и му ги претресувал плакарите поради ова.

Откако ги освоил овие градови, Александар се замислил дали да го нападне Дариј, но потоа решил да продолжи со освојувањето на крајбрежните градови и да се извежба во техниката на војувањето.

No comments: