July 10, 2012

„Поглед врз европска Турција“ 1828 година 3. дел

Нивната борба со Рим, кој ги употребил против нив сите свои сили во тоа време, кога Картагина била ваќе покорена — била долговремена и блескава. Но обессилени и изродени слично на другите племиња на Грција, тие без секаков отпор се подложиле под ропство на Османлиите, иако длабината на нивните долини, многуте реки и височините на планините, што се простираат по сета земја, за нив претставувале вистинска погодност за заштита.

Не гледајќи на малаксаноста во која се мачат сите противници, што се под турска управа (која знае да ги пустоши своите поданици,), — само Македонија праќа во странство, и тоа долги дваесет години, за повеќе од 16 милиони турски пијастри, памук, тутун, жито, волна и свила.

Тесалија потпрена кон Пинд, опкружена на север со Олимп на исток близу до морето со Пелион и Осо, на југ со планината Ита што ја одделува од древна Грција, формира вонредно убава рамница. Пространството што лежи северно од планината Острикс, што ја дели сета провинција на два рамки дела, како што говорат, било покрисно со вода, пред да си пробие — со брзо течеше — пат кон морето Пенеј. Така мислеле сите поети и историчари во старото време. Ова мислеше имало основа во народните преданија и во изгледот на пукнатината низ која тече Пенеј кон морето, и чија теснина и остри падови тера на помисла дека е последица од голем земјотрес. Треба исто така да се одбележи дека на тоа место, каде што Пенеј ги сече неточните планини на Тесалија, Оса и Олимп — тие се најниски

Овие Два дела на Тесалија, славни во минатото со плодородието на почвата и пријатноста на својата положба, и сега одгледуваат многубројни табуни коњи и стада секаков вид добиток и изобилствуваат со сите други производи што ги има и Македонија. Тесалците покорени од Филип, царот Македонски, речиси секогаш ја делеле судбината на Македоњаните. Турците направиле од Тесалија трет санцак, на Солунската област; двата други се: Жамболи и Вена; првиот ги вклучува приморските, окрузи, а последниот се простира по големата долина на Вардар, на север од Пела.

Албанија, одделена со Црна Гора и Пинд од Далмација и Македонија и заплискувана од запад и југ од Јадранско и Јонско Море, се дели на Горна и Долна.

Крај

No comments: