„Поглед врз европска Турција“ 1828 година 1. дел

М. Ладиженски

ПОГЛЕД ВРЗ ЕВРОПСКА ТУРЦИЈА — (1828)

Србија е викана од Турците Лаз-Вилаeти, по името на кнез Лазар, кој управувал над неа во времето кога била завојувана, во 1365 година, населена од времето на императорот Ираклиј, со народ од словенско потекло. Широките и плодородни долини на Долна Морава и нејзиното влијание во онаа при Крушевача Источна и Западна Морава — зафаќаат три четвртини од сета широка провинција; реката Колукара образува уште не голема долина на запад од Морава.

Долга и тесна долина, шго се простира по текот на Дрина, ја одделува Србија од Босна. Заедно со највисоките пунктови на централните венци и високите огранци што одат од неа кон Дунав, Србија е провинција дива, планинска и тешка за сообраќај. Таа претставува подобри услови за воени маневри и за мала војна. Обработена полошо од Босна иако може да биде исто толку водородна, оваа земја ги произведува речиси истите продукти. Жителите нејзини, во поголем дел со грчка вероисповед, се храбри, работливи и обдарени со тврд карактер на планински народи. Нивниот долговремен и блескав отпор во последново време против Отоманската империја, докажува што можат да направат и на што можат да се надеваат. Нивниот Георги Црни загина од подло убиство; но тие никогаш не ќе имаат недостаток во слични началници, само кога наскоро љубовта кон независност одновно ќе ги пробуди да го симнат игото што ги ушетува.

Србија е поделена од Турција на четири санцаци: 1. Белградски, 2. Семенџиски 3. Ниски и 4. Новобазарски, кој лежи во најпланинскиот дел.

Сите четири санцаци ѝ се потчинети на воената управа на пашата, кој живее во Белград — славна тврдина, некогаш бедем на христијанството.

Бугарија, која лежи меѓу Дунав и Балканските Планини, одделена е од Србија со венец што оди од планината Орбела кон Оршова, Тимок, Искер, што тече низ Софија; Ос'м и Јантра, се главни реки на Бугарија. Воопшто оваа провинција, што сече многубројни планински огранци, вонредно стрмни (какви што има во сите планински земји, што се простираат на север или на запад) се наводнува само од исти извори кои, одејќи кон север, речиси перпендикуларно со Балканските Планини, брзо течат кон Дунав. Западните долини на Бугарија речиси се ненаселени; во некои токму плодоносни места се видни сиромашни селца, некогашни развиени градови. Но народ работлив и трудољубив ја населува источната страна, од Рушчук до Дунав.

Стрмните венци на планините сосем го отежнуваат нивното обработуваље; но долините и рамниците се вонредно плодородни. Подножјата на планините се покриени со прекрасни пасишта. Земјата што се простира од р. Јантра и Рушчук до Црно Море е една од најубавите во светот. Бутарите дојдени од бреговите на Волга, каде се сè уште видни остатоци од нивната древна престолница Болгара, — се смешале со природните словенски жители, имајќи едно потекло со Србите и Босанците, и сега говорат речиси на исто наречје со овие два народа. Од почетокот потчинети на грчкиот Император, потем управувани од сопствен кнез, кој скоро се претворил во унгарски вазал, тие попаднале во 1396 година под тешкото иго на Портата.

Западните Бугари, кои се занимаваат со сточарство, живеат скитнички живот и во заедници во темни долини формирани од високи и стрмни планински огранци, многу од нив ја оставаат својата родина и се расејуваат по Отоманската империја, вршејќи го занаетот на коњушари и овчари. Бугарите од источната рамнина што се занимаваат со земјоделство, изгледаат како сосем друг народ. Оваа спротивност во една иста провинција, и обединувањето на народот, кој води овчарски живот, се веројатно причина за тоа што Бугарите, секогаш тивки и покорни, никогаш не се обидувале да го соборат ропството на Портата.

Турците ја разделиле Бугарија па четири санџаци: 1. Софиски, 2. Видински, 3. Никополски и 4. Силистриски. Сите санџаци зависат од пашата Румелиски, кој живее во Софија — прв од сите беглербегови на Империјата.

Рушчук, значителен град, кој зависи од Силистрискиот санџак, порано се управувал од посебен ајан; но во наше време, еден од тие ајани, Мустафа Бајрактар, се прогласил за трибунчдужен паша, не оставајќи го управувањето над овој град, ги одзел земјите под негова управа и сите давачки доволни за симнување на султанот Мустафа и достигање на чинот велик везир.

Продолжува

No comments: