June 12, 2012

Македонската тажна стварност

Македонската тажна стварност и србоманските и бугароманските врховисти

Македонска Нација, Бр. 25 Стр. 12

Во почетокот на септември 1974 г. режимскиот печат во СРМ ја излеја својата југотитовистичка злоба против младиот и надарениот македонски поет Димитар Јановски и против редакцискиот колегиум на литературното списание «Современост» кое излегува во Скопје. Во број 9 на списанието Јановски објавил една безимена поема под заглавие «Без заглавие» која исполнила цели три страници од списането. Поемата зборувала за трагичната сегашност на распарчениот, угнетениот, прокудуваниот, истребуваниот и измачениот од лажни ослободители македонски народ. Бидејќи властодршците во СРМ знаат дека се туѓински слуги во родна Македонија, лажни ослободители и измамници на македонскиот народ, тоа и ноемата на Јановски тие је почувствуваа како безмилостен камшик по нивните плеки. Злобата на скопските србомани против слободарскиот македонски поет беше излеана на страницитс на скопската «Нова Македонија» од 6 ссптември, неа ја излеја познатиот белградски лакеј во Македонија Ванчо Апостолски, кој е сега директор па споменатиот весник, а на тоа место беше доведен пред две години кога србоманската фракција од Сојузот на комунистите на Македонија на чело со Лазар Колишевски и со помош на антимакедонскиот Белград, почна да ги остранува од власта и влијание сите чесни македонски комунисти на чело со совесниот Крсте Црвенковски. Во оваа чистка на чссни и совесни македонски комунисти беше сменет и самиот директор ва «Нова Македонија» еминентниот поет Анте Поповски, познат а како прво перо во македонската журналистика. Србоманската клика на Колишевски наоѓаше дека уводниците на «Нова Македонија» што ги пишуваше Анте Поповски зборуваат премногу за Македонија a премалку за Југославија, тој беше обвинет за македонски национализам и испаден од «Нова Македонија». На неговото мссто за директор дојде полуграмотниот Ванчо Апостолски, кој никагаш немал врска со журналистика, а своето директорско место го има заслужено со својата кучешка верност на Титовата антимакедонска Југославија. Србоманските или новите врховисти во Скопје го ставија Ванчо Апостолски за директор на «Нова Македонија» за да тој сo овој најголем весник во СРМ биде жандарм на режимот - да бдее врз журналистите во весникот како овие не би можеле да кажат нешто вистинито, патриотско и слободољубиво за Македонија и Македонците. Откако овој Титов жандарм дојде за директор на «Нова Македонија», весникот кој во времето на Црвенковски и Милославлевски пишуваше послободно и поотворено не само за Македонците во југословенскиот дел на распарчената македонска татковнна, ами и за оние во грчкиот и бугарскиот окупаторски дел, станува се попредавнички в попредавнички. Весникот става најодвратен и најздодевен весник во цела Југославија бидејќи никој друг весник во федерацијата не му служи на Тито и на неговиот башибозучки «самоуправен» социјализам попокорно и поулизувачки. «Нова Македонија» е денес само

пo јазикот нејзин македонски весник, пo содржина и дух таа е југословенски весник што значи анти-македонски. Но да ја оставиме «Нова Македонија» на страна и да се вратиме на нејзиниот директор-жандар. Овој Титов лакеј не се задаволува да биде само жандар во редакцијата на «Нова Македонија» ами се јавува и како жандар во другиот македонски информативен и литературен печат. Од неговото полуграмотно, но предавничко перо излезе нападот во «Нова Македонија» против младиот македонски патриотски поет и против редакцијата на списанието «Современост».

«Нова Македонија» во истиот број донесе и специјално соопштение под заглавие «Забранет «Совремевост» бр. 9». По тоа кажува дека окружниот јавен обвинител Јован Трпеновски издал наредба на Секретаријатот за внатрешни работи во Скопје да го конфискуваат сите егземплери на споменатиот број 9 на «Современост» заедно со ракописите и другите материјали кои се наоѓаат во редакцијата во врска со објавената поема. Мотивитс за забранувањето на бројот на «Современост» биле:

1. Поемата «со својата содржина претставува предизвикување на нацноналистички страсти и политички памфлет, кој истовремено претставува напад на самоуправна социјалистичка Југославија» и

2. Поемата «содржи елементи на дело против народот и државата кои се казнуваат по заканот» затоа што «Поемата «Без заглавие» има непријателска содржнна; нејзиниот автор сакал што повеќе да ја оцрни нашата (македонската б.н.) стварност».

Во резултатот на тоа Титовиот јавен обвинител во Скопје изјавил дека ќе побара поетот Јановски и одговорните редактори на списанието «Современост» да бидат изведени пред суд и да биде казнет согласно законот за печатот и за другите видови информации.

Co кои свои стихови Димитар Јановски го предизвикал Титовиот јавен обвинител да преземе таква мерка «Нова Македонија» не соопштува. Меѓутоа од злобната статија на Ванчо Апостолски која носи заглавие «Перчене врз страниците на Современост» ние сепак разбираме зошто србоманите во Скопје се озлобиле на Димитар Јановски.

Апостолски во својата статија се труди да ја сокрие полната содржина на поемата, но во својата желба шго пожестоко да ја критикува. тој по неволја дава одделни цитати. И токму овие цитати и покрај нивната оскудност, ви ја дваат суштината на поемата на Јановски. Патриотскиот поет во својот обид што поснажно да ја изрази нашата македонска трагичност, вчерашна како и денаешна а да не падне во очите на Титовите жандарми, се послужил со симболизам. Ванчо Апостолски го дешифрира овој симболизам, и така ни дава слика на сегашната македонска стварност т.е. трагичност.

МАКЕДОНИЈА HE Е СЛОБОДНА, MAKEДОНИЈА Е ПОРОБЕНА.

No comments: