Состојбата во Турција по поразот кај Виена

КУМАНОВСКИ КРАЛ КАРПОШ, Проф. Д-р АЛЕКСАНДАР ДИМИЌ — ПАЛАНЧАНСКИ

СОСТОЈБАТА ВО ТУРЦИЈА ПО ПОРАЗОТ КAJ ВИЕНА

По турскиот неуспех и по поразот кај Виена, речиси во целото турско царство завладеа општо распаѓање. Австриските трупи триумфално навлегувале во турските провинции со векови потчинети на турската власт. Речиси без никаков отпор на турската војска Австријците ги освојувале градовите и селата и насекаде се прифаќани како ослободители. Турскиот воен пораз се претвори во воено политичка катастрофа. Турското царство преживувало најголема криза од своето настанување. Се очекувало дури целосен слом на турската војска и распаѓање на царството. Последиците од поразот кај Виена се почувствувале и во Македонија. Таквата состојба била мошне погодна за ајдукувања, што му дало можност на Карпош да ги зацврсти и зголеми своите одреди. За разлика од поранешното ајдукувањс, Kapпoш завел мошне строга дисциплина во своите одреди, заснована врз принципите на војничко уредување, и со една повисока цел — да ја брани правдата и да ги штити интереситс на својот народ. Кога завршил со органнзацијата на своите одреди, Карпош почнал да склучува соујзи со другите ајдучки водачи, што ги имало речиси во сите македонски планини. Со таа цел ја посетил Пирин Планина, каде што извршил спојување на своите одреди со ајдуците од Петрич. Џумаја и Ќуcтендил. Потоа преку Штип се префрлил до Битола и Охрид, а потоа минал во Егејска Македонија пристигнувајќи се до Лерин и Костур, за потоа да се врати преку Галичник и Тетово на Шар Планина, од каде што пошол до Качаник, Урошевац и Сува Река.

Угледот на Карпош раснел од ден во ден. Напатениот народ и јатаците го прифатиле со воодушевување и му ја давале сета можна поддршка. За Карпош се зборувало не само во Скопје и Македонија, туку вестите за него допирале дури и до мошне оддалечениот Цариград. За неговите подвизи почнале да кружат најразлични легенди и да го опеваат во песните.

Од материјалите на цариградските архиви јасно може да се заклучи дека Карпош не бил обичен ајдук — ограбувач, туку водач на еден поробен народ. Неговите чети, покрај нападате па разни турски каравани, воделе и многубројни други акции како што се помагање на сиромасите, казнување на разни богаташи, заштита на селаните од насилните бегови, заштита на честа на жените и ќерките од насилниците и слично. Поради сите тие хумани акции Карпош и неговите луѓе биле сесрдно помагани од поробеното селско население. Освен тоа, Карпош, на територијата што ја држеле неговите луѓе, им наметнал данок на рудниците, па закупциге и на богатите трговци. Тие пари се користени за изградба на воденици, патишта, цркви, па дури се плаќани учителите и поповите, што сето тоа говори за добро организирана сила која Карпош ја претставувал, како и дека сите тие акции биле инспирирани со една повисока цел — создавање основа за една идна држава, која треба да настане од урнатините на турското царство.

Карпошовите чети дејствувале од Петрич во Пиринска Македонија, преку Вардарска Македонија па сè до Лерин и Костур вo Ereјска Македонија. Благодарејќи на нивната организираност, на заштитата на народот од неправдата, на борбата против насилните бегови. одземањето на турските имоти, помагањето на сиромасите и поради многубројните други хумани акции, Карпошовата слава мошне бргу се ширела во цела Македонија. што сериозно почнало да ги загрижува турските власти.

Увидувајќи ја опасноста од Карпошовите добро организирани чети и сестраната поддршка на подјармениот народ, турските власти организирале повеќе акции да го уништат. Испраќани се многубројни казнени експедиции со широки размери за што сведочи и прочуениот турски патеписец Евлија Челебија. Опишувајќи го градот Петрич во Пиринска Македонија, во тој опис дословно вели:
...„Во ова гратче не можат да живеат чесни луѓе поради многуте ајдуци, кон се симнуваат од планините. Поради нив многу имоти останаа необработени. Во последно време толку се намножиле нивните напади така што софискиот беглербег Мелак Ахмед паша, во заедница со уважениот Халид паша, презеде повеќе казнени експедиции. Предводејќи ја потерата со повеќе од 10.000 вооружени луѓе, ги гонеше неверните ајдуци. Наши хајки секојдневно крстосуваа по шумите; понекогаш одвај би успеале да фатат десетина ајдуци — неверници, кои најчесто јавно се бесени во Петрич, Ќустендил и Дупница, или дури и во Софија“.

Скопскиот беглер бег во својот извештај во Цариград, меѓу другото, пишува:
„... Ајдукот Карпош, ниедна, па ни најдобро организирана потера не успеја да го стигне и да го унншти, за што селаните — христијани во сите села го штитат...“

За одмазда, во бес поради неуспехот во тие потери, Турците на најсвиреп начин го казнуваа недолжното население. Во еден од документите на Цариградскиот архив стои напишано:
„Во една акција против ајдуците во Битолската нахија беа запалени 40 христијански села, зашто го поддржуваа ајдукот Карпош“.

Во еден друг документ, што се однесува на воденскиот и костурскиот крај во Егејска Македонија, се говори за групите и четите на „проклетиот ајдук Карпош“, кои господарат во тие области.

Продолжува

No comments: